недела, март 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Мегаскандал во ЦСР Тетово: Илјадници евра исплаќани со фалсификувани печати и шифри

by Redakcija
15.01.2026
in Црна Хроника

Додека Центарот за социјални работи Тетово е потресен од сериозен скандал со незаконско доделување социјални пензии, туѓа нега и надоместоци за попреченост, досега во касата на институцијата се вратени 120 илјади евра кои биле исплатени на лица што не ги исполнувале законските услови. Дел од тие исплати биле реализирани преку фалсификувани документи и злоупотреба на службени шифри и печати, откриваат информации од Обвинителството и од истрагите што се водат.

Во 2025 година Основното јавно обвинителство Тетово поднело кривична пријава против шестмина вработени во Центарот. Двајца од нив се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, а судската постапка против нив сѐ уште е во тек. За четворица други, обвинителството утврдило дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“, но откако признале вина и ја надоместиле штетата, против нив не било поведено класично кривично гонење. Тие, преку спогодби со обвинителството, платиле парични казни од по 18 илјади денари во корист на буџетот.

Иако пријавите се поднесени минатата година, случаите се однесуваат на периодот од 2022 година. Според наодите, раководител во Центарот ја давал својата службена шифра на други вработени, социјален работник исто така ја „позајмувал“ својата, а трет вработен дозволувал користење на службениот печат, иако тој единствено бил одговорен за него. Токму печатот ја разоткрил незаконитоста, откако бил ставен на фалсификуван документ со кој едно лице добило право на социјална пензија што му била исплатена ретроактивно, во еден наврат, во износ од неколку илјади евра.

Бидејќи корисникот ги вратил средствата, а обвинителството оценило дека делото е сторено од небрежност, за овој случај не било побарано кривично гонење. Сепак, според извори на „Слободен печат“, се проверуваат и други предмети во кои документи од Клиничката болница Тетово, издадени со негативно мислење, биле преправани во позитивни за да се овозможи користење социјални права во Центарот. Болницата и претходно беше поврзувана со слични скандали со лажни медицински извештаи.

Директорката на ЦСР Тетово, Магдалена Веселиноска, вели дека по нејзиното доаѓање започнала расчистување на злоупотребите, но и дека поради тоа е изложена на притисоци и хајка. Таа потврдува дека уште пред нејзиното именување Министерството за труд и социјална политика поднело пријава до Финансиската полиција за злоупотреби со социјалните пензии, а таа дополнително открила незаконитости кај ретроактивните исплати, туѓата нега и надоместоците за попреченост.

Според неа, злоупотребени се буџетски средства и токму поради тоа се поведени кривичните постапки што моментално ги водат надлежните институции. Истражните органи, како што вели, и натаму работат на утврдување на целосниот обем на злоупотребите во Центарот за социјални работи Тетово.

Целиот текст може да го прочитате на Слободен Печат

Related Posts

Млада девојка падна од балкон во Тетово – со тешки повреди пренесена во Скопје

15.03.2026

Потресно сведоштво на сосетка открива  детали за трагедијата во скопско  Тафталиџе: Девојчето тропало по врати и барало помош за мајката

15.03.2026

Девојка вечерва паднала од зграда во Тетово

15.03.2026

Приведен пензиониран полицаец – фатен со лажна службена легитимација

14.03.2026

Пожар во Струмичко предизвика голема штета, пожарникарите со брза интервенција

14.03.2026

Трагедија во Скопје – Работник загина при пад од градилиште во Кисела Вода

14.03.2026

Препорачани Вести

БОЖИНОВСКА: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во иднината

2 месеци ago

ВИДЕО – АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ТЕХЕРАН: Огромни експлозии и огнен столб над градот по удари врз нафтени складишта

7 дена ago

Популарни Вести

  • Во Лос Анџелес вечерва се одржува 98-то доделување на Оскарите: „Sinners“ со рекордни 16 номинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историја во Формула 1: Кими Антонели стана втор најмлад победник досега

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 500 велосипедисти на денес ќе возат тура низ Кочани во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада девојка падна од балкон во Тетово – со тешки повреди пренесена во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шокантно сведоштво на лекар: „Пациент ме фати за врат во ординација“ – Расте агресијата кон медицинските работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.