среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Седум загинати во експлозија во населба за странци во Кабул

by Redakcija
19.01.2026
in Свет

Најмалку седум лица го загубија животот, а повеќе други се повредени во експлозија што се случи во елитната населба Шахр-е-Нав во Кабул, дел од градот каде што живеат и престојуваат претежно странци, соопштија болнички и безбедносни извори.

Според портпаролот на полицијата во Кабул, Халид Задран, експлозијата се случила во хотел на улицата Гулфароши, во четвртиот округ на авганистанската престолнина. Болничките власти информираат дека повредените биле итно пренесени на лекување, при што дел од нив се во тешка состојба.

Невладината организација „Итна помош“ соопшти дека во нејзиниот медицински центар во Кабул биле примени вкупно 20 лица по експлозијата, од кои седум починале пред да пристигнат во болницата.

Според информациите на АП, кинескиот државен радиодифузер CCTV објави дека двајца кинески државјани се тешко повредени, додека еден член на обезбедувањето го загубил животот. Ројтерс наведува дека Шахр-е-Нав важи за една од најбезбедните населби во Кабул и во неа се сместени бројни канцеларии, трговски центри и дипломатски претставништва.

Локалниот весник „Афган тајмс“ пренесува дека експлозијата се случила во близина на кинески ресторан и дека наводно целта било возило во кое се превезувале кинески службеници. Според истите извори, постојат сомневања дека нападот е поврзан со внатрешни судири меѓу фракции во рамките на талибанското движење.

Надлежните институции соопштија дека истрагата за случајот е во тек и дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе се утврдат сите околности.

Related Posts

САД ја мобилизираат 82-та воздушно-десантна дивизија кон Блискиот Исток, во пресрет на можна операција во Иран

25.03.2026
Австралија воведува привремена забрана за туристички визи за ирански државјани

Австралија воведува привремена забрана за туристички визи за ирански државјани

25.03.2026

16-годишник уапсен во Австралија за планирање терористички дејства

25.03.2026
Напад на електрана во Естонија од руско беспилотно летало

Напад на електрана во Естонија од руско беспилотно летало

25.03.2026
Австралија и Јапонија одбиваат да испратат бродови во Ормускиот теснец

Техеран воведува нови правила за пловидба низ Ормускиот Теснец

25.03.2026
НАСА го зацврстува присуството во вселената: База на Месечината и нуклеарна технологија на Марс

НАСА го зацврстува присуството во вселената: База на Месечината и нуклеарна технологија на Марс

25.03.2026

Препорачани Вести

Утре дел од Тетово и три тетовски села без струја

2 месеци ago

Курти со убедлива победа со освоени 57 пратенички места – ДСК најголем губитник на изборите во Косово

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Хоџа: 200 милиони денари за инфраструктура во Арачиново

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Пелистер не паѓа, Пелистер се враќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 16,82 милиони денари, Стопанска банка со најсилен дневен раст, а НЛБ Банка во минус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот Дејан Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и нов почеток за ФК Победа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир со полициско возило во Прилеп – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.