среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Четири години затвор за поранешниот директор на Клиниката за геријатрија Мухсин Арифи

by Redakcija
21.01.2026
in Македонија

Основниот кривичен суд Скопје го осуди поранешниот директор на Клиниката за геријатрија, Мухсин Арифи, на четири години затвор за примање мито, додека неговиот соработник Блерим Амети доби казна од една година и десет месеци. Судот при одредувањето на казната ги зема во предвид тежината на делото, начинот на извршување и времето поминато во притвор.

Според обвинението, Арифи побарал имотна корист за да овозможи хоспитализација на лице во тешка здравствена состојба, иако тоа било негова службена должност. Амети, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и бил фатен на лице место при примање 20.000 евра, дел од сумата наменета за Арифи. Двајцата обвинети ја негираа вината во текот на судската постапка.

Адвокатот Скендер Мехмеди, кој ги застапува обвинетите, изјави дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје, оценувајќи ги казните како превисоки и најави детални коментари откако ќе ја добие писмената пресуда.

Од друга страна, обвинителката Искра Хаџи-Василева го поздрави исходот на судењето, истакнувајќи дека Обвинителството е задоволно што судот ја утврдил вината на обвинетите и прифатил нивните аргументи.

Судијката Ленка Давиткова при образложувањето на пресудата нагласи дека судот ги земал предвид сите релевантни околности за индивидуализација на казната, вклучувајќи ја и тежината на делото, начинот на негово извршување, организираноста и фактот дека делото било сторено со цел материјална корист, искористувајќи ја тешката здравствена и социјална состојба на оштетеното лице.

Related Posts

ЕВН: Набавката на броила е спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените критериуми

22.09.2026

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА – успешно спроведени реформски проекти

22.09.2026

Андоновски: Преку м.Услуги граѓаните ќе пристапуваат до своите документи директно од мобилен телефон

22.09.2026

Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси

22.09.2026

Нови правила за течности во авионите: Што смеете да внесете во рачниот багаж од Скопје?

22.09.2026

БОЖИНОВСКА: СДСМ, ПОКАЖЕТЕ ГО ДОКАЗОТ ИЛИ ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ ЛАГИТЕ – ПОЛИТИЧКАТА БОРБА НЕ Е ЛИЦЕНЦА ЗА КЛЕВЕТЕЊЕ

22.09.2026

Препорачани Вести

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура: За 10 дена стартува реконструкцијата на улицата во Езерски Лозја

8 месеци ago

Евакуирани илјадници туристи во Грција, огнот се шири со помош на силните ветрови

2 месеци ago

Популарни Вести

  • По Стопанска банка Битола, Алта банка тргнува по уште една банка во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Помалку летови и поскапи билети: Авиокомпаниите под притисок поради цените на горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна првиот снег во Македонија – Ова е среќната планина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола ја одбележува Европската недела на спортот со младински футсал турнир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: „Гентерм“ 10 години создава работни места и можности за прилепчани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.