четврток, април 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски апелира до ЕУ: Македонските превозници да се изземат од новите шенгенски правила

by Simovski
21.01.2026
in Македонија
aleksandar nikoloski

Новиот режим на електронска евиденција за влез во земјите од Шенген зоната може да предизвика сериозен економски застој во Македонија и регионот, предупреди вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, коментирајќи го најавениот протест на превозниците што започнува од понеделник.

Според него, станува збор за мерки кои директно го погодуваат транспортниот сектор, а индиректно го загрозуваат извозот, странските инвестиции и цели индустриски гранки, меѓу кои и челичната индустрија. Николоски нагласи дека револтот на транспортерите е целосно оправдан, бидејќи новите правила не ја земаат предвид реалноста во која функционираат превозниците од земјите надвор од ЕУ.

„Ова не е проблем само на Македонија, туку на целиот Западен Балкан. Ако овие правила останат, ќе зборуваме за драстично намалување на транспортот, затворање компании и губење работни места“, истакна Николоски од собраниската говорница.

Тој откри дека Владата повеќе од една година води интензивни разговори со Европската комисија, но засега без конкретен резултат. Последната средба ја имал во декември во Брисел со еврокомесарот за транспорт Апостолос Цицикостас и со генералната директорка за мобилност и транспорт Магда Копцинска.

„Им објаснив дека ова во пракса значи економска смрт за регионот. Формално, правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена останува исто, но реалноста е сосема поинаква. Превозниците не се туристи. Тие работат, транзитираат и немаат можност да извадат работни визи затоа што немаат работодавач во конкретна земја членка“, нагласи Николоски.

Дополнителна тежина на проблемот, според него, даваат и две други отворени прашања со ЕУ – карго сертификатите и новите квоти за извоз на челик. Николоски оцени дека Западен Балкан не смее да биде третиран како „трета земја“ и ставен во иста категорија со економии како Кина и Индија.

„Ако квотите за извоз на челик се пополнат за два месеца, потоа следи царина од 50 отсто. Тоа практично значи стоп за извозот во ЕУ и колапс на челичната индустрија. Фени веќе се затвори. Со вакви линеарни политики, лесно може да се предвиди што ќе им се случи и на останатите производители“, предупреди тој.

Вицепремиерот додаде дека Владата е во постојан контакт со стопанските комори, транспортните здруженија и странските инвеститори, а Министерството за надворешни работи веќе е задолжено официјално да побара одложување на примената на новите правила.

„Ќе работиме сериозно и координирано за стабилизирање на транспортниот сектор и за заштита на економските интереси на државата и регионот“, порача Николоски.

Related Posts

Премиерот ја исклучи Ристоска од трката за шеф на обвинителството

Советот ја констатираше оставката: Ленче Ристоска ја напушта обвинителската функција

08.04.2026
АХВ спречи увоз на над 10 тони јагнешка кожа поради ризик од чума

АХВ спречи увоз на над 10 тони јагнешка кожа поради ризик од чума

08.04.2026
Свети апостол Павле и христијанскиот почеток на Европа во Македонија

Свети апостол Павле и христијанскиот почеток на Европа во Македонија

08.04.2026
Муцунски оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау во Вашингтон

Муцунски оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау во Вашингтон

08.04.2026

ВРЕМЕТО СЕ РАСИПУВА: Дожд и силен ветер над 70 км/ч – еве што нè чека денес

08.04.2026
Предметот за злоупотреби во РЕК Битола се префрла во Струга по изземањето на сите битолски судии

Предметот за злоупотреби во РЕК Битола се префрла во Струга по изземањето на сите битолски судии

07.04.2026

Препорачани Вести

Редок небесен спектакл вечерва: Шест планети ќе бидат видливи на небото

1 месец ago

Нови директори на две јавни претпријатија во Прилеп

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Во оваа земја има најскапо гориво на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Скопје утре (09.04.2026) ќе биде без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре 09.04.2026 ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.