понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Скриени сопственици, откриени лажни изјави: Регистарот што институциите не го користат

by Redakcija
28.01.2026
in Економија
Скриени сопственици, откриени лажни изјави: Регистарот што институциите не го користат

Регистарот на вистински сопственици, создаден во 2021 година за да открие кој навистина стои зад фирмите и кој остварува корист од нив, сè уште е недоволно искористен од институциите во борбата против корупцијата. Според истражување на Центарот за граѓански комуникации, од 17 надлежни институции, само две навистина користат податоци од регистарот, додека финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Антикорупциската комисија и единиците за економски криминал речиси и да не се приклучиле.

Причините се повеќе: пристапот до регистарот не е бесплатен, а времето и ресурсите потребни за обезбедување на податоците се значителни. За физичко лице, проверката дали некој функционер има фирма чини 300 денари, додека увидот во целата историја на фирмата изнесува 800 денари. Правните лица плаќаат нешто помалку: 299 денари за основна проверка и 600 денари за детална анализа.

Центарот за граѓански комуникации предупредува дека институциите треба да ги вкрстуваат податоците од регистарот за да се следи патот на парите и да се потврди точноста на информациите. Нивните истражувања покажуваат дека речиси секој втор функционер не ги пријавил своите деловни интереси целосно. Од 360 проверени избрани и именувани лица, 23 имале фирми кои не се пријавени или се пријавени делумно. Дури 17 лица ги сокриле сите фирми во кои имаат сопственички удел, додека шест лица наместо 34, пријавиле само девет фирми.

Овој „црн број“ на недоследности укажува на ризик од судир на интереси. Иако политичарите обично ги пријавуваат фирмите каде што се основачи, не ги откриваат оние што се во сопственост на нивните компании. Некои од овие фирми добиле јавни набавки или лиценци за енергетски дејности, што дополнително го зголемува ризикот од злоупотреба на позицијата. Иако функционерите не добивале тендери од институциите кои ги раководеле, тие добивале во други државни институции. Еден екстремен пример покажува како претседател на совет на општина потпишувал договор со сопствената фирма, од двете страни – како претставник на општината и како сопственик на компанијата.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации нагласува дека регистарот е важен инструмент, но се користи многу малку, а вкрстената употреба со податоци за јавни набавки, концесии и тендери практично не постои.

Вицепремиерот Арбен Фетаи истакнува дека целта е регистарот да стане јавно достапен. „Отчетноста на вистинските сопственици не е само законска обврска, туку основа за етичко владеење и фер конкуренција. Регистарот веќе содржи информации за над 70.000 поединци, но потенцијалот за борба против корупцијата сè уште не е целосно откриен“, вели Фетаи.

До 2027 година ќе се надгради системската поддршка, како што најавуваат од Антикорупциската комисија, така што на дневна основа ќе добиваат податоци за сите сопственици на фирми, вклучувајќи ги и членовите на семејствата и блиските лица на функционерите.

Директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева, додава дека веќе е воспоставена инфраструктура за дигитално поврзување на регистарот со системот за јавни набавки, со над 3.000 внесени записи за помалку од два месеца, што ја зголемува транспарентноста и следењето на јавните средства.

И покрај ова, регистарот на вистински сопственици сè уште е недоволно искористен ресурс во борбата против корупцијата, но со подобрување на пристапот и интероперабилноста, тој може да стане ефикасен инструмент за откривање злоупотреби и за зајакнување на довербата во јавните институции.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

23.11.2026

Вашингтон најавува силна поддршка за домашната рударска индустрија

23.11.2026

Добри вести за возачите – Од полноќ бензините поевтинуваат

23.11.2026

Авионските билети ќе поскапат до 20 отсто?

23.11.2026
Фабрика

Колку заработуваат автомобилските компании од секое продадено возило? Бројките изненадуваат

23.11.2026
Фершпед

Добивката на групата Фершпед порасна 10,6%, иако матичното друштво заработи помалку

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Екстремни температури во Европа: Франција пријави смртни случаи поврзани со жештините

6 месеци ago

САД тврдат дека уништиле ирански ракетни и дрон-бази по напад врз нивни бродови

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со жестоки обвинувања: „Сето ова е огромна измама!“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.