недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Обвинети повеќе лица за малверзации при доделување средства од ИПАРД програмата

by Redakcija
02.02.2026
in Македонија
javno obvinitelstvo

Јавното обвинителство при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен акт против пет лица и едно кривично одговорно правно лице за серија корупциски дела поврзани со злоупотреба на финансиски средства од ИПАРД програмата.

Првообвинетиот, управител на компанијата што аплицирал за финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, наводно ветил и исплатил пари за да биде неговата апликација повисоко рангирана, иако правното лице не ги исполнувало законските услови за добивање средства. Според обвинението, управителот на еден од раководните службеници во Агенцијата му ветил подарок од 50.000 евра, а на уште три лица им дал по 5.000 евра со цел тие да го искористат своето влијание и службена положба за незаконско одобрување на финансиската помош.

Во текот на истражната постапка, обвинителството утврдило и кривична одговорност кај уште четири државни службеници од Агенцијата, против кои поднесе Обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба. И кај правното лице е констатирано сторено кривично дело „Давање поткуп“.

Обвинетите, како што наведува Обвинителството, постапувале спротивно на своите службени обврски: при проверка на документацијата направиле погрешни пресметки, користеле непотполна документација и незаконски го одобриле решението за финансиска поддршка, со што овозможиле апликантот да добие средства на кои не бил законски овластен. Второобвинетиот, иако знаел дека условите не се исполнети, го потпишал решението во очекување на ветениот подарок.

Поради сериозноста на делата, продолжуваат мерките притвор за четворица обвинети, додека едно лице останува под куќен притвор. За останатите државни службеници се предложени посебни мерки на претпазливост, вклучително забрана за вршење службени активности во Агенцијата, одземање на патни исправи и задолжително повремено јавување кај надлежен орган.

Јавното обвинителство предлага и одземање на предметите употребени за извршување на делата – мобилни телефони, дигитални медиуми и парични средства во износ од 35.370 евра, 206.000 денари и 200 швајцарски франци.

Исто така, во тек е предистражна постапка за дополнителни сомнежи за незаконско постапување со средства од ИПАРД програмата, кои произлегле од прибраниот доказен материјал во оваа истражна постапка.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

22.11.2026
Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

22.11.2026
Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

22.11.2026
Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

22.11.2026
ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

22.11.2026
Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Општина Битола: Младите од 15 до 29 години добиваат шанса да креираат решенија за својата заедница

3 месеци ago

Почина уште еден обвинет во случајот за трагедијата во Кочани

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синот на Милорад Додик предложен за премиер на Република Српска: Игор Додик ќе ја составува новата влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.