Општина Битола, во соработка со Институт Охрид, ги повикува младите на возраст од 15 до 29 години да се пријават за учество во проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации.
Од нашата општина ќе бидат избрани 30 млади лица кои ќе имаат можност да учат, да ги истражуваат локалните предизвици, да разменуваат идеи и заеднички да развиваат конкретни предлози и решенија за подобрување на својата заедница.
Програмата се реализира низ четири поврзани фази преку кои младите ќе стекнуваат нови знаења и вештини, ќе работат во тим и ќе ги претстават своите идеи и решенија пред локалната заедница.
За учество не е потребно претходно искуство во младински организации, иницијативи или проекти. Најважни се мотивацијата, интересот за сопствената заедница и желбата активно да придонесеш.
Пријавувањето е на следниот линк: https://forms.gle/r5jx1rWCLSAKYsCk8, а крајниот рок е 25 август 2026 година.
Проектот ЛАПСИ го спроведува Институт Охрид во рамки на регионалната програма „BOOST“, координирана од „ALDA – European Association for Local Democracy“, со финансиска поддршка од „Agence Française de Développement“ (AFD).
…












