понеделник, март 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Дурмиши: Владата ќе го поддржи договорот за минимална плата

by Simovski
03.02.2026
in Економија
Дурмиши: Владата ќе го поддржи договорот за минимална плата

Зголемувањето на минималната плата останува отворено прашање, но Владата нема да наметнува решение без јасен договор меѓу социјалните партнери. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска порача дека извршната власт ќе ја поддржи секоја иницијатива што ќе биде заеднички прифатена и од синдикатите и од работодавачите, нагласувајќи дека растот на платите мора да биде внимателен, постепен и економски одржлив.

„Нашата позиција е јасна уште од старт – доколку синдикатите и работодавачите постигнат договор, Владата ќе им излезе во пресрет на двете страни“, изјави Дурмиши, по настанот во Владата каде беше презентиран Законот за работно ангажирање лица.

Тој најави интензивна агенда на разговори во наредниот период. Веќе во четврток е закажана средба со синдикатот УПОЗ, а во следните денови се очекува и седница на Економско-социјалниот совет, каде на иста маса ќе седнат претставници на синдикатите, работодавачите и Владата.

Министерот потенцираше дека Владата при носењето одлуки ја согледува целокупната економска слика, водејќи сметка и за вработените во јавниот и за оние во приватниот сектор. „Потребно е зголемување и на минималната и на другите плати, но тоа мора да се случува со сигурност и во стабилна економска рамка“, рече тој.

Дурмиши потсети дека зголемувањата во јавниот сектор веќе се реализирани уште во првата година од мандатот – во здравството, образованието, полицијата, како и кај пензиите. Според него, преку трипартитниот дијалог, прашањето за платите е решено за околу 85 проценти од вработените во јавниот сектор.

„Остануваат уште 7.700 вработени. И со нив сме подготвени да седнеме и да најдеме решение кое ќе биде прифатливо“, нагласи министерот.

Во однос на платите на функционерите, Дурмиши беше дециден дека засега не е донесена никаква одлука за нивно зголемување. Како што објасни, конечниот став ќе зависи од податоците што овој месец ќе ги објави Државниот завод за статистика.

„Минатата година донесовме одлука со која ги ограничивме платите на функционерите и утврдивме тие да растат исто како платите на сите други вработени. Стоиме на тој принцип и нема да носиме одлука што би значела привилегија за функционерите“, рече Дурмиши.

Тој информираше дека минималната плата во март ќе биде усогласена, односно зголемена за околу 7 до 8 проценти, а проекциите покажуваат дека до 2028 година вкупниот раст би достигнал околу 40 проценти.

„Да ги почекаме официјалните бројки, па ќе постапиме како и лани – одговорно и во интерес на граѓаните“, заклучи министерот.

Related Posts

НИКОЛОСКИ ВО СВЕТСКА БАНКА ЌЕ ГОВОРИ ЗА БРЗАТА ПРУГА, СЛЕДУВААТ СРЕДБИ ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

09.03.2026

РКЕ денес ги објавува новите цени на горивата – можно поскапување

09.03.2026

Нов објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во изведба на Стентон Градба

09.03.2026

Кина останува најголема економија во светот според куповна моќ, глобалната економија достигнува 219 трилиони долари

08.03.2026

Град во регионот на Барселона купува водородно возило произведено во Македонија

08.03.2026

Блок-трансакции од 504,58 милиони денари ја обележаа сликата – најголем блок кај Млекара (453,15 милиони денари)

08.03.2026

Препорачани Вести

Делови од Карпош утре ќе бидат без електрична енергија

7 дена ago

Од традиција до модерно: кои имиња ги избраа македонските родители во 2025

2 месеци ago

Популарни Вести

  • (ФОТО+ВИДЕО) Лозано ја запали арената „Борис Трајковски“ – Емоции, хитови и преполна сала, концерт каков Македонија одамна нема видено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НИКОЛОСКИ ВО СВЕТСКА БАНКА ЌЕ ГОВОРИ ЗА БРЗАТА ПРУГА, СЛЕДУВААТ СРЕДБИ ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојана Скендеровски преку музиката повикува: „Стоп за насилството врз жените“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силен потрес во Западна Турција утрово со јачина од 5,1 степен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во изведба на Стентон Градба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.