среда, април 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Дурмиши: Владата ќе го поддржи договорот за минимална плата

by Simovski
03.02.2026
in Економија
Дурмиши: Владата ќе го поддржи договорот за минимална плата

Зголемувањето на минималната плата останува отворено прашање, но Владата нема да наметнува решение без јасен договор меѓу социјалните партнери. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска порача дека извршната власт ќе ја поддржи секоја иницијатива што ќе биде заеднички прифатена и од синдикатите и од работодавачите, нагласувајќи дека растот на платите мора да биде внимателен, постепен и економски одржлив.

„Нашата позиција е јасна уште од старт – доколку синдикатите и работодавачите постигнат договор, Владата ќе им излезе во пресрет на двете страни“, изјави Дурмиши, по настанот во Владата каде беше презентиран Законот за работно ангажирање лица.

Тој најави интензивна агенда на разговори во наредниот период. Веќе во четврток е закажана средба со синдикатот УПОЗ, а во следните денови се очекува и седница на Економско-социјалниот совет, каде на иста маса ќе седнат претставници на синдикатите, работодавачите и Владата.

Министерот потенцираше дека Владата при носењето одлуки ја согледува целокупната економска слика, водејќи сметка и за вработените во јавниот и за оние во приватниот сектор. „Потребно е зголемување и на минималната и на другите плати, но тоа мора да се случува со сигурност и во стабилна економска рамка“, рече тој.

Дурмиши потсети дека зголемувањата во јавниот сектор веќе се реализирани уште во првата година од мандатот – во здравството, образованието, полицијата, како и кај пензиите. Според него, преку трипартитниот дијалог, прашањето за платите е решено за околу 85 проценти од вработените во јавниот сектор.

„Остануваат уште 7.700 вработени. И со нив сме подготвени да седнеме и да најдеме решение кое ќе биде прифатливо“, нагласи министерот.

Во однос на платите на функционерите, Дурмиши беше дециден дека засега не е донесена никаква одлука за нивно зголемување. Како што објасни, конечниот став ќе зависи од податоците што овој месец ќе ги објави Државниот завод за статистика.

„Минатата година донесовме одлука со која ги ограничивме платите на функционерите и утврдивме тие да растат исто како платите на сите други вработени. Стоиме на тој принцип и нема да носиме одлука што би значела привилегија за функционерите“, рече Дурмиши.

Тој информираше дека минималната плата во март ќе биде усогласена, односно зголемена за околу 7 до 8 проценти, а проекциите покажуваат дека до 2028 година вкупниот раст би достигнал околу 40 проценти.

„Да ги почекаме официјалните бројки, па ќе постапиме како и лани – одговорно и во интерес на граѓаните“, заклучи министерот.

Related Posts

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ Академијата за млади

22.04.2026

Промет од 5.787.741 денари, со најголема активност кај банкарските и фармацевтските акции

22.04.2026
Хрватскиот БДП лани порасна повеќе од првичните проценки

Хрватскиот БДП лани порасна повеќе од првичните проценки

22.04.2026

Димитриеска-Кочоска: Британските инвестиции носат развој и нови можности за македонската економија

22.04.2026

УЈП предупредува: Крајниот рок за ДДВ пријави трае до 27 април

22.04.2026
Рајанер најавува значително намалување на летови во Европа во 2026 година

Црвен аларм: Недостигот на гориво може да ги приземји авионите

22.04.2026

Препорачани Вести

Опозициски лидер во Венецуела киднапиран веднаш по ослободувањето од затвор

Опозициски лидер во Венецуела киднапиран веднаш по ослободувањето од затвор

2 месеци ago
ЕУ тестира нови правила за заштита на потрошувачите: „Шеин“ под истрага за алгоритми и безбедност на корисниците

ЕУ тестира нови правила за заштита на потрошувачите: „Шеин“ под истрага за алгоритми и безбедност на корисниците

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Хоџа ја презентираше стратегијата за управување со води и отпад во Австрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали: Владата гарантира правична застапеност, ќе се формира координативно тело за надзор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР со важни информации за казните од „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ Академијата за млади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Превртен камион на патот Струмица – Валандово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.