сабота, март 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: „Гондолата на Пелистер ќе понуди содржини за туристи во сите годишни времиња“

by Redakcija
04.02.2026
in Република, Топ Вести

Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер.

Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е можност да се видат сите алтернативни решенија кои ги нудат домашните и странските експерти, кои се опциите и можностите за и Битола со „Пелистер“ еден ден да биде на големата туристичка светска мапа.

„Работилницата има за цел да го продолжи започнатиот процес на детална анализа и подготовка на студијата, како и размена на искуства и добри практики со експерти“ истакна претседателот на Советот, Бојан Бојкоски препуштајќи им ја говорницата на експертите.

Странските експерти ангажирани за оваа студија деновиве ја посетија Баба Планина со врвот „Пелистер“, а во предвид беа земени и предлозите од првата работилница која пред некој месец се одржа во Битола.

Експертите од Словенија, Франција и Андора, Франц Фурлани, Винсент Тасар, Филипе Бертхет-Рамбауд и Марк Пастор пред присустните кажаа дека „Пелистер“ нуди многу можности и дека она што ти го разгледуваат и препорачуваат е како планината да понуди содржини за туристите во сите четири годишни времиња.

Зборуваа за климатските услови кои особено се проблематични на врвот „Пелистер“, но дека и за тоа има решенија, пред присутните ги кажа трите варијанти од каде би тргнувала гондолата.

За сите три, Нижеполе, Дихово и Цапари детално ги објаснија трасите на движење, влијанието врз средината, безбедносните аспекти, задржувајќи се на трасата од Цапари преку Широка ( Ловечка) и до врвот „Пелистер“.

Исто така зборуваа и за тоа како горе може да има повеќе ски терени, дури и за почетници, други содржини кои ќе бидат во интерес на туристите.

Потоа се разви дискусија со присутните на оваа работилница.
Странските експерти претходно имаа средба и со градоначалникот на Битола во неговиот кабинет, каде исто така презентираа дел од нивните решенија.

…

Related Posts

Демант од ЈКП „Водовод“ – Битола: По интервенциите на водоводната мрежа улиците се враќаат во соодветна состојба

06.03.2026

Омерагиќ: Преку HatTrick програмата на УЕФА се обезбедуваат подобри услови за развој на фудбалот во Македонија

06.03.2026

Проданоски: Прилеп се насочува кон развоен буџет и поголеми капитални инвестиции

06.03.2026

ФИФА ЖЕНСКАТА ФУДБАЛСКА КАМПАЊА ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА

06.03.2026

Николоски: Македонија во градежна офанзива – раст од 14,6% и 21 % во последните два квартали од 2025 година

06.03.2026

Општина Битола започна реконструкција на улици во Братиндол

06.03.2026

Препорачани Вести

Извор: Религија.мк

Продолжува изградбата на Соборниот храм „Собор на сите македонски светители“ во Битола по 33 години

2 недели ago

Радуловиќ: Само помогнав на блиски лица на кои итно им беше потребен нов пасош

4 недели ago

Популарни Вести

  • Утре без струја дел од булевар „Партизански одреди“ во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД се подготвува воздушнодесантни операции против Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Експлозии и пожар во американската база Али Ал-Салем во Кувајт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот и бранителот на Македонците во Бугарија Тони Менконоски на црна листа на Софија – не смее да влезе во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицаец фатен како прима поткуп – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.