сабота, ноември 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Охридскиот аеродром акредитиран со Ниво 2 за управување со јаглеродни емисии

by Redakcija
05.02.2026
in Македонија
Охридскиот аеродром акредитиран со Ниво 2 за управување со јаглеродни емисии

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, кој е под управа на ТАВ Македонија и е дел од глобалната ADP-групација, постигна значајно признание за своите напори во заштита на животната средина – Ниво 2-Акредитација за управување со емисии на јаглерод, издадено од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Оваа акредитација е доказ дека охридскиот аеродром систематски ги мери и контролира своите јаглеродни емисии, како и дека активно спроведува мерки за нивно намалување. Според генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, признанието ја потврдува посветеноста на компанијата кон меѓународните стандарди за одржливост, а истовремено испраќа јасна порака дека заштитата на животната средина е стратешки приоритет во работењето на сите аеродроми под нивна надлежност.

„Ниво 2 акредитација значи дека нашите напори се повеќе од декларативни – ние воспоставивме јасни, мерливи цели за намалување на емисиите, од потрошувачката на енергија до возниот парк на аеродромот. Секој чекор, од користењето на хибридни и електрични возила до енергетската ефикасност и управувањето со отпадот, е дел од стратешкиот план за одржливост,“ изјави Курт.

Конкретните иницијативи кои ја донесоа оваа акредитација вклучуваат транзиција на возниот парк кон електрични и хибридни возила, зголемено користење на опрема на батерии, оптимизација на енергетската потрошувачка, инвестирање во инфраструктура за полнење електрични возила, програми за управување со вода и отпад, како и обуки за персоналот за интегрирање на одржливоста во секојдневното работење. Дополнително, формирањето на Комитет за одржливост обезбедува континуиран надзор и стратешко управување со еколошките ризици.

Акредитацијата на ACI, која е единствена глобално призната програма за сертификација на аеродроми за управување со јаглеродни емисии, ја потврдува посветеноста на охридскиот аеродром да ја намали својата јаглеродна нога. Програмата нуди седум нивоа на сертификација, од Ниво 1 до Ниво 5, кои ги следат и признаваат напорите на аеродромите да управуваат и да ги минимизираат своите емисии.

Со ова признание, Аеродромот „Св. Апостол Павле“ не само што го потврдува своето влијание во регионалното воздухопловство, туку и ја поставува рамката за поодржлив развој кој ќе донесе долгорочни придобивки за заедницата и идните генерации.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

28.11.2026

Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

28.11.2026

Од следната недела новина за сите возачи: Преку мобилен телефон ќе може да ги проверуваат сообраќајните прекршоци

27.11.2026

Грозданов за Иловица-Штука: Рударството и заштитата на животната средина можат да одат заедно

27.11.2026

Наплаќале незаконски трошоци за брзи кредити: Над 26.000 граѓани ќе добијат назад 140 милиони денари

27.11.2026

Нови правила за пензиите во Македонија: Контролни прегледи за инвалидските пензии, промени за бенефицираниот стаж и семејните пензии

27.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Сончево и стабилно време со засилен ветер од север

Сончево и стабилно време со засилен ветер од север

9 месеци ago

Прекинато водоснабдување во дел од Битола поради дефект – без вода зградите „Ремо“, „Васко Карангелевски“ и „Веро“

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Полициска акција во кабаре во Охрид: Затекнати Русинки кои илегално влегле во Македонија и покрај забраната за влез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Станови за околу 1.000 евра по квадрат за млади брачни парови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во работна посета на РЕК Битола: Стабилното производство на електрична енергија е од клучно значење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ужас во Тетово: Ја тепал вонбрачната партнерка и ја принудувал да оди со други мажи за пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.