сабота, март 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Постигнат е начелен договор – Следува зголемување на платите

by Redakcija
05.02.2026
in Економија

На денешната средба помеѓу Владата и претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудството и здруженија на граѓани (УПОЗ), постигнат е начелен договор за зголемување на платите на административните службеници. Како што изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, договорот прво треба да се стави на хартија, а потоа за него ќе се изјаснат телата и органите на синдикатот.

Според договореното, платите на административците ќе се зголемуваат по осум отсто секоја година во наредните три години. „Мило ми е што Владата го прифати барањето на УПОЗ, иако не во целост, сепак додатоците на плата ќе бидат исплатени на вработените од администрацијата и правосудството“, истакна Деаноски.

Тој нагласи дека зголемувањата ќе се реализираат во три рати по осум проценти, почнувајќи од март годинава, но конечниот збор ќе го имаат органите и телата на синдикатот преку гласање за поединечните колективни договори. „Доколку колегите го прифатат договорот, нема пречки за негово потпишување. Доколку не, Владата ќе добие наши забелешки и можно е вработените да бараат повисок износ“, додаде Деаноски.

Премиерот Христијан Мицкоски објасни дека, според владината формула, пример за администратор со плата од 35.000 денари, со првото зголемување од 1.500 денари, платата ќе изнесува 36.500 денари. Зголемувањата ќе се повторуваат и во 2027 и 2028 година, со што вкупниот пораст за три години ќе изнесува минимум 40% од почетниот износ.

Related Posts

ОДМОР 2026: Еве ги актуелните цени за апартмани на Јадранот

20.03.2026

Економистот кој ја предвиде кризата во 2008 година предупредува: Четири сигнали за потенцијален нов финансиски крах

20.03.2026

Србија гради гасен интерконектор со Македонија за поголема енергетска сигурност

20.03.2026

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20.03.2026

Божиновска: Засилена соработка со KfW за модерна енергетска инфраструктура

20.03.2026

НЛБ Банка со најсилен раст, Стопанска банка со најголем пад – 252 трансакции во неделата

20.03.2026

Препорачани Вести

Милошоски: Позицијата на Македонија за апсењето на Мадуро – принципи, искуства и стратешки интерес

3 месеци ago

Еден век мечкари: Прилеп со вековна традиција ја слави Прочка

4 недели ago

Популарни Вести

  • Вечерва полицијата со голема рација во старата скопска чаршија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судот во Никшиќ одобри кауција: Ацо Ѓукановиќ излегува од притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Apple подготвува шок: iPhone каков што го знаеме може да исчезне!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец уапсен по напад врз вработен во продавница 

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР: Уапсен скопјанец по брутален напад врз сопствената мајка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.