среда, мај 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Премиерот Мицкоски: 2026 ќе биде година на реформи, не на избори

by Redakcija
05.02.2026
in Македонија, Топ Вести

Владата останува целосно посветена на спроведувањето на Реформската агенда, а во текот на оваа година нема да има избори, изјави премиерот Христијан Мицкоски на брифинг во Владата посветен на напредокот во реформските процеси.

На средбата, на која присуствуваа членови на Владата, амбасадори на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, беше направена анализа на досега реализираните активности и беа презентирани идните приоритети во клучните области.

Мицкоски посочи дека дел од планираните реформи веќе се спроведуваат, додека одредени чекори, поради објективни околности, нема да можат да се реализираат во предвидениот рок, за што, како што рече, навремено се информирани меѓународните партнери.

Тој потсети дека Владата по изборот пред околу 20 месеци усвоила индикативна листа на чекори кои требало да се реализираат во првата година и половина, во тесна соработка со Европската Унија. Според него, процесот на одобрување и усвојување траел до почетокот на 2025 година, кога започнала и нивната практична реализација.

Премиерот нагласи дека динамиката била прекината со распишувањето на локалните избори, поради што, согласно домашното законодавство, Парламентот и дел од институциите работеле со намален капацитет, што резултирало со неколкумесечна пауза. По завршувањето на изборите, од ноември, Владата повторно интензивно се посветила на реализација на реформските чекори кои се во нејзина надлежност.

„Ќе ги исполниме сите обврски што можеме да ги реализираме, а за останатите ќе понудиме аргументирано објаснување“, изјави Мицкоски, додавајќи дека Владата е подготвена за отворен и искрен дијалог со меѓународната заедница, особено со Европската Унија.

Тој потенцираше дека годинава нема да има избори, бидејќи приоритет на Владата се реформите и, како што рече, воспоставување ред во државата. Како клучни приоритети ги наведе проектот „Безбеден град“, борбата против криминалот и корупцијата, како и нови законски решенија поврзани со заштитата на здравјето на граѓаните, вклучително и ново законско решение за пушењето.

Премиерот оцени дека Владата има амбициозна реформска агенда за оваа година со цел целосно исполнување на обврските, по што, како што рече, одлуката за понатамошниот тек ќе биде во рацете на земјите членки на Европската Унија.

Мицкоски најави дека следните брифинзи со амбасадорите ќе се одржат во март и јуни, а потоа најмалку еднаш на секои три месеци, со цел редовно информирање за напредокот во спроведувањето на Реформската агенда.

Related Posts

Коњановски: Битолските пожарникари се симбол на храброст и посветеност

20.05.2026

Пазарната инспекција со засилени контроли: Над 600 надзори и над 2,1 милион денари казни

20.05.2026
Нормализиран сообраќај на Ленишки мост од утре

Нормализиран сообраќај на Ленишки мост од утре

20.05.2026

ВЛЕН: Сите стручни испити ќе можат да се полагаат и на албански јазик

20.05.2026
Небесниот знак над Ерусалим: Појавувањето на Чесниот Крст

Небесниот знак над Ерусалим: Појавувањето на Чесниот Крст

20.05.2026

Македонски Концепт: ДУИ преку поделби и шовинизам се обидува да се врати на власт

20.05.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО – МАСОВНИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ: САД и Израел го погодиле аеродромот „Мехрабад“ во Техеран

3 месеци ago

(ВИДЕО) Зимска бура на векот ја парализира Америка: илјадници летови откажани, милиони без струја, прогласена вонредна состојба

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Битолските пожарникари се симбол на храброст и посветеност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес од 5,6 степени ја погоди Турција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запленети околу 10 килограми марихуана на Дојран скриени во пакувања за намази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малолетник уапсен во Тетово: Крадел во неколку џамии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пазарната инспекција со засилени контроли: Над 600 надзори и над 2,1 милион денари казни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.