среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Зеленски: Верувам дека на војната во Украина ќе и дојде крајот во 2027

by Redakcija
05.02.2026
in Свет
zelenski

Украина е решена да ја заврши војната со Русија, но само под услов да се зачува нејзината независност, истакна претседателот Володимир Зеленски во ексклузивно интервју за француската телевизија Франс 2.

„Навистина верувам дека во рок од една година можеме да постигнеме мир. Тоа е мојот приоритет, како и приоритет на целиот мој тим. Преговараме, работиме на тоа, но нема да направиме компромис што би го загрозил суверенитетот на Украина“, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател посочи дека Русија продолжува да ја напаѓа цивилната инфраструктура и да користи студено оружје, додека истовремено своите ултиматуми ги претставува како обид за компромис. „Колку повеќе цивили страдаат, толку е подалечна можноста за вистински договор“, рече тој.

Зеленски појасни дека дипломатскиот пат не значи капитулација. Рускиот предлог за повлекување на украинските сили од Донбас, како што рече, претставува „црвена линија“. Дури и замрзнување на фронтовската линија на сегашните позиции би било „огромна отстапка“ за Украина, но дијалогот останува отворен – секако, под услов да се зачува независноста на земјата.

Во врска со иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за продолжување на преговорите со Владимир Путин, Зеленски е претпазлив: разговори се возможни, но само „под одредени услови“. „Притисокот врз Русија сè уште не е доволен. Путин моментално ги користи преговорите за да ја понижи Европа, а не за да најде мир“, додаде тој.

Исто така, Зеленски откри дека во четирите години од почетокот на конфликот, Украина изгубила околу 55.000 војници, додека многу ветерани сè уште се водат како исчезнати. Тоа е раст од повеќе од 9.000 жртви во споредба со бројката што ја објави пред една година за Ен-би-си – над 46.000 загинати.

Related Posts

Украина ја употреби новата ракета „Фламинго“ во нападот врз Москва

23.09.2026

САД, Данска и Гренланд потпишаа нов безбедносен договор за Арктикот

22.09.2026

Литванија ја отвора вратата за нуклеарно оружје: Историски чекор на парламентот

22.09.2026

АфД подготвува средба со пратеникот на Путин за враќање на рускиот гас во Германија

22.09.2026

Милионски кредит за борделот „Паша“ под истрага во Германија: Се проверуваат можни корупција и конфликт на интереси

22.09.2026

Нов удар за Канада: Трамп најави договор со Белорусија за клучна суровина

22.09.2026

Препорачани Вести

Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на соработка на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување

4 месеци ago

Василевска: Советот на Европа потврди напредок во демократијата и човековите права во Македонија (ВИДЕО)

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Голема полициска акција – Двајца уапсени, пронајдени стотици килограми канабис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестициите и македонската дијаспора

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде има најголема побарувачка за работници? Ова се најбараните професии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата заплени лажни денари при претрес во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.