петок, февруари 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана одбележува 17 години постоење

by Redakcija
06.02.2026
in Балкан

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, а со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонско национално малциство во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во овие 17 години им посвети посебно внимание на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа, Гора и Врник.

Од особено значење за работата и информирањето за активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана е објавувањето на Македонски весникот “Илинден” кој покрај печатеното има и електронско издание. Македонски весник “Илинден” излезе на печатење во Март 2011 година во Тирана, и единствен весник на Македонците во Република Албанија, што излегува во печатна и електронска верзија. Македонскиот весник “Илинден“е стандардизиран според меѓународните норми со ISSN 2522-6282. Македонски весник “Илинден” е дел од три агрегатори на вести time.mk , grid.mk , daily.mk и vesti.mk . Македонски весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија

Долгогодишната присутност на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во Федералната унија на европските националности и други меѓународни организаци ја покажа потребата од назначување на Меѓународен кординатор на Македонско друштво “Илинден“- Тирана што беше реализирано во 2023 година.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана, за периодот од 17 години

оствари безброј средби со многу државни институции во извршната и локална власт, а соработката ја проширивме со невладиниот сектор, во земјата и странство.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана е член на Федералната унија на европските националности од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН. Како активен партиципиент во ФЕУН, членови на Друштвото досега учестува во сите конгреси и поднесува резолуци, што придонесува Македонското друштво “Илинден”-Тирана рамноправен член и силен глас на Македонското национално малциство во Федералната унија на европските националности.

Оваа година, за прв пат во Република Албанија, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ќе биде организатор и домаќин на семинарот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности, активност што се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство во Европа, претставува голема чест и секако благодарност за активноста на Македонското друштво “Илинден“ и историска за Македонците во Република Албанија.

Во изминатите 17 години како претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, заедно со моите соработници, имавме можност да оствариме бројни работни и официјални посети, да се сретнеме и да соработуваме со владини институции, како во Република Албанија, така и во матичната држава Република Македонија, како и со меѓународни организации.

При сите реализирани средби со претставниците на државните институции во Република Албанија, во матичната држава Република Македонија и европските институции ја користевме секоја прилика да размениме мислења за важни прашања за унапредувањето на положбата и правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Иако не секогаш наоѓаме заедничко или задоволително решение за одреден проблем, сепак должна благодарност искажувам на сите државни институции во Република Албанија, и во матичната држава Република Македонија и низ светот.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана останува посветено на борбата за правата на македонско национално малцинство во Република Албанија, за унапредување на положбата на Македонците врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност.

Во чест на 17 години од постоењето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана сакам да ги повикувам сите државни институции како и сите политички партии и невладиниот сектор во Република Албанија и во матичната држава Република Македонија да дадат поддршка на Македонците во Република Албанија, да дават поддршка во контунитет за решавање на проблемите што се сочуват и да спречиме асимилацијата од бугарија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува институциите во Република Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет и македонското културно наследство.

Посебно благодарност сакам да упатам до сите што помогнале на Македонско друштвото “Илинден“-Тирана во овје 17 години.

Да му се множат годините на Македонското друштво “Илинден”-Тирана а за неговите постигнувања оставаме повеќе да каже историјата.

Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави.

Да се вечни Македонците во Република Албанија!  Да живее албанското – македонско пријателство!

Со почит,

Никола Ѓурѓај                                                                                                                               

Претседател на Македонското друштво “Илинден“- Тирана

…

Related Posts

Официјално отворена железничката линија Белград-Будимпешта

Официјално отворена железничката линија Белград-Будимпешта

27.02.2026
Четворица осудени за шпионажа во Грција: Вкупна казна од 126 години затвор

Четворица осудени за шпионажа во Грција: Вкупна казна од 126 години затвор

27.02.2026

Пустец кажа „не“ за мигрантски кампови – иницијатива на МАЕИ

26.02.2026
Над 700 млади добија покана за воено оспособување во Хрватска

Над 700 млади добија покана за воено оспособување во Хрватска

26.02.2026
Црна Гора промовира членство во ЕУ: Националниот авион носи слоган „28×28 – Следната членка на ЕУ“

Црна Гора промовира членство во ЕУ: Националниот авион носи слоган „28×28 – Следната членка на ЕУ“

26.02.2026
Стопирано емитување на програмата на Радио-телевизија Босна и Херцеговина

Стопирано емитување на програмата на Радио-телевизија Босна и Херцеговина

26.02.2026

Препорачани Вести

Телма: Со гаранција во недвижен и движен имот од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од притвор

1 месец ago

ВЛЕН: Законот за вработување и поддршката на инвестиции создаваат сигурна економска клима

2 месеци ago

Популарни Вести

  • АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ИЗРАЕЛ СО ИТЕН ПОВИК: Персоналот да ја напушти земјата „уште денес“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украина погоди ракетна фабрика 1.400 км во Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куба пред енергетски колапс: Недостигот на нафта ја продлабочува кризата на островот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста на американската морнарица најголемиот носач на авиони „USS Gerald Ford “ пристигна во Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина во Скопје, за младите од 18 до 25 години, нуди субвенции до 10.000 денари за возачки испит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.