среда, април 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски открива за запленетата марихуана: Полицијата интензивно работи, ќе се запленат десетици тони дрога

by Redakcija
06.02.2026
in Македонија, Топ Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој  практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ и дека очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека којашто незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.
Тоа е еден озбилен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада којшто ги доведе голем дел од граѓаните и инвеститорите во заблуда дека на тој начин ќе станат милионери, дека се ќе биде поинаку, економска трансформација. Тоа беше практично економската политика на владата на СДСМ и ДУИ. Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов којашто во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или пак на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани, потенцираше Мицкоски.
Тој исто така додаде дека тоа што ќе го слушнат граѓаните деновиве за тоа што се случувало ќе биде навистина катастрофално и дека креаторите на ваквите политики од минатото треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто станале жртви на ваквиот начин на функционирање.
Граѓаните ќе бидат сведоци на една многу тешка ситуација и мачна којашто се случувала. Оваа е акција која што трае, не е само од сега, само не сме можеле сега секогаш јавно и транспарентно да објавуваме бројки и податоци, но тоа што ќе го слушнат и видат овие денови граѓаните, па мислам дека вклучително уште денес ќе биде навистина нешто катастрофално и сите оние креатори на тие политики треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто за жал станале жртви на ваквиот начин на функционирање на одредени политики од минатото, нагласи Мицкоски.

….

Related Posts

Важно соопштение до возачите за системот „Безбеден град“

29.04.2026

МВР воведува верификација на телефон и мејл при регистрација на возила

29.04.2026
Наплататите од извршителите во Македонија достигнаа 137 милиони евра минатата година

Штекли осуден на 8 години: Изречени пресуди и за уште четворица осудени

29.04.2026

Божиновска на јубилејот на ЕВН повика на одговорен приватен сектор и цврсти институции

29.04.2026

ВИДЕО – Борче Димитровски: Булеварскиот влез во Битола пред финална фаза

29.04.2026

ВИДЕО – Коњановски: Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Стив Наумов“

29.04.2026

Препорачани Вести

Американскиот министер за енергетика размислува за повлекување од ИЕА

Американскиот министер за енергетика размислува за повлекување од ИЕА

2 месеци ago

Се огласи синот на Жарко Грозданоски — Божидар: „Наместо разбирање има медиумски линч, Тетовчани знаат кој е татко ми како лекар и како човек””

1 месец ago

Популарни Вести

  • Општина Битола: Во тек асфалтирање на патот кон црквата во Ротино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Важно соопштение до возачите за системот „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР воведува верификација на телефон и мејл при регистрација на возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент во Гази Баба: Фрлен молотов коктел пред објект, нема повредени лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.