четврток, март 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Пасоши и лични карти за пари: МВР откри коруптивна мрежа во Скопје

by Redakcija
06.02.2026
in Црна Хроника

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 во врска со член 22 и член 45 од КЗ, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 од КЗ, во врска со член 24 од КЗ, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.. 

Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски. 

Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги.

…

Related Posts

Узурпатор на државно земјиште изградил дивоградба – Полицијата постапува

05.03.2026

Кривична пријава за судски референт – МВР со детали

05.03.2026

Претрес и апсење во Прилеп – МВР со детали

05.03.2026

Апсење во Кичево – Лажно пријавил бомба за да излезе порано од работа

05.03.2026

(ФОТО+ВИДЕО) “БАЛКАНСКИОТ ПАБЛО ЕСКОБАР” –  КЛЕМЕНТ БАЛИЛИ: Дали се враќа стравот на албанските улици по неговото излегување од затвор?

04.03.2026

Апсење во Гостивар – МВР со детали

04.03.2026

Препорачани Вести

45 години Центар за култура – Битола: Јубилејна година со 130.000 посетители

4 недели ago

Проданоски: Детската карневалска поворка го разубави Прилеп и ја најави Прочка

2 недели ago

Популарни Вести

  • Средба на Мицкоски и Божиновска со претставници на нафтената индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британија ја зајакнува воената присутност на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најавува мерки за ублажување на растот на цената на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Узурпатор на државно земјиште изградил дивоградба – Полицијата постапува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Азербејџан ја крева војската по нападот во Нахчиван

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.