петок, октомври 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Сериозни закани кон полицијата за време на протестите во Битола

by Redakcija
06.02.2026
in Црна Хроника

Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради сериозни закани упатени кон полициски службеници за време на протестите одржани на 3 февруари во Битола.

Според пријавата, осомничените преку изјави во медиуми и на социјалните мрежи упатиле директни закани по животот и безбедноста на полицајците, најавувајќи насилство доколку органите на редот се обидат да ги спроведат законските овластувања и да им ги одземат возилата.

Едно од лицата, Ф.М., јавно изјавил дека со децении управува возило без возачка дозвола и се заканил со физичка пресметка и ликвидација доколку му биде одземено возилото. Вториот пријавен, Р.М., упатил вулгарни и експлицитни закани кон полицијата, најавувајќи насилни дејствија.

Од НСП бараат итна реакција од Обвинителството, лицата да бидат повикани како осомничени и да се предложи мерка притвор, со цел да се спречи повторување на делото или реализација на најавените закани.

Како доказ кон пријавата се доставени извадоци од видео материјали со јавните изјави на осомничените. Синдикатот нагласува дека очекува еднаков третман и постапување како во случаите кога предмет на гонење се полициски службеници.

Во пријавата се наведува дека станува збор за кривично дело „Загрозување на сигурноста“ извршено кон службени лица во вршење на службата и кон повеќе лица, согласно член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Related Posts

Претрес во дом во Скопје: Полицијата пронашла рачна бомба „кашикара“

02.10.2026

700 грама хашиш од Шпанија стигнале по пошта во Тетово –  Го чекале да ја подигне па го уапсиле

02.10.2026

Голема полициска акција во Прилеп: Падна криминална група од 21 лице, запленети дрога и оружје

01.10.2026

Возач на камион од Македонија загина во тешка несреќа кај Лесковац

01.10.2026
(ВИДЕО) ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Уапсени две жени под сомнение дека предавале податоци за припадници на БИА на албанската разузнавачка служба

(ВИДЕО) ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Уапсени две жени под сомнение дека предавале податоци за припадници на БИА на албанската разузнавачка служба

30.09.2026
Изгоре механизацијата на стадионот во Арачиново – градоначалникот Беќири: „Никој нема да нè запре, стадионот ќе се изгради“

Изгоре механизацијата на стадионот во Арачиново – градоначалникот Беќири: „Никој нема да нè запре, стадионот ќе се изгради“

30.09.2026

Препорачани Вести

Општина Прилеп: Илјадници посетители уживаа на „Денови на Крали Марко“ и концертот на „Мизар“

5 месеци ago

Дел од Тетово и две тетовски села утре без струја

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Претрес во дом во Скопје: Полицијата пронашла рачна бомба „кашикара“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 700 грама хашиш од Шпанија стигнале по пошта во Тетово –  Го чекале да ја подигне па го уапсиле

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен пристигна во Скопје, Муцунски ја пречека на аеродромот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.