недела, март 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Се модернизира Институтот за трансфузиона медицина во Тетово

by Simovski
06.02.2026
in Македонија
Се модернизира Институтот за трансфузиона медицина во Тетово

Министерот за здравство, Азир Алиу, го посети Институтот за трансфузиона медицина при Клиничката болница во Тетово, каде се врши обемна реконструкција која започна на почетокот на 2024 година. Во овој проект, Институтот инвестира околу 8,3 милиони денари, односно приближно 134.000 евра, со цел модернизирање на просториите и подобрување на условите за пациентите.

„Центарот за трансфузија во Тетово е еден од клучните регионални центри, кој сега ги исполнува сите стандарди за обезбедување квалитетни здравствени услуги. Стратегијата на Министерството е јасна – дисперзија на здравствените услуги низ целата држава. Нашата цел е не само да ги унапредиме технологиите, туку и да создадеме нови можности за развој на Центарот“, изјави министерот Алиу.

Регионалниот центар во Тетово функционира и како центар за поддршка на три помали филијали во Гостивар, Кичево и Струга, овозможувајќи подобар пристап до трансфузиона грижа за пациентите од поширокиот регион.

Покрај модернизацијата на здравствената инфраструктура, Алиу се осврна и на улогата на Министерството во регулирањето на производството на канабис за медицински цели. Тој нагласи дека секоја фирма што сака да произведува таков вид медицински производ мора да добие лиценца од Министерството за здравство. „Според протоколите, компаниите ни доставуваат извештаи на секои три месеци. Имаме и годишни инспекции, како и ад хок контроли кога е потребно. Секое пренесување на производите помеѓу институциите мора да биде известено до нас, а ако се надвор од нашите протоколи, надлежност има Министерството за внатрешни работи“, објасни Алиу.

Related Posts

Аврамовски: „Лошата концепција го отежнува судењето за трагедијата во Кочани“

22.03.2026

Маглешов: Едно Обвинителство има две различни теории за ист случај, потребна е навремена ревизија

22.03.2026

АХВ стопираше 50 тони храна: Ова не смеело да стигне до вашата трпеза

22.03.2026

Празничен егзодус: над 20.000 македонци заминале во странство за само 12 часа

21.03.2026

Владата најави вонредни мерки против ценовните шокови на нафтата и горивата

21.03.2026

Нов закон за природата на јавна расправа: Министерот најави широка дебата

21.03.2026

Препорачани Вести

Хајрулахи најави кандидатура за Републички јавен обвинител

2 месеци ago

Андреевски меѓу елитата во Мар-а-Лаго: Македонската дијаспора сè поактивна во американската политика

5 дена ago

Популарни Вести

  • Техеран со порака: Ракетниот напад врз Димона е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на иранските служби – приведени десетици осомничени за „шпионажа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНА БРВЕНИЦА УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на различни локации во Скопје – Битката со дрогата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Намалувањето на ДДВ-то е прва мерка за стабилизирање на цените на дериватите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.