петок, март 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ФОТОГРАФИИ: Голема полициска акција – Автоматски пушки и куршуми во домови на радикали во Скопје

by Redakcija
07.02.2026
in Црна Хроника

Кривична пријава за три лица поради „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

На 06.02.2026 Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Д.(33), М.Д.(29) и С.Е. (25), сите од Скопје, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, предвидено и казниво по член 394 став 1 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, предвидено и казниво по чл.396 од КЗ.

Во рамките на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Според сомненијата, се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство за кои постои сомневање дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје.

По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавниот обвинител од ОЈО ГОКК вчера од страна на полициски службеници беа извршени претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите беа пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, муниција од различен вид и калибар и други доказни материјали.

….

Related Posts

Узурпатор на државно земјиште изградил дивоградба – Полицијата постапува

05.03.2026

Кривична пријава за судски референт – МВР со детали

05.03.2026

Претрес и апсење во Прилеп – МВР со детали

05.03.2026

Апсење во Кичево – Лажно пријавил бомба за да излезе порано од работа

05.03.2026

(ФОТО+ВИДЕО) “БАЛКАНСКИОТ ПАБЛО ЕСКОБАР” –  КЛЕМЕНТ БАЛИЛИ: Дали се враќа стравот на албанските улици по неговото излегување од затвор?

04.03.2026

Апсење во Гостивар – МВР со детали

04.03.2026

Препорачани Вести

МБИ10 со раст од 0,05%, без активности на обврзничкиот пазар

2 месеци ago

Обилниот дожд предизвика поплави и уривање на потпорни ѕидови во Тетово

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Ечат сирени во Тел Авив, градот е под МАСИВЕН СИЛЕН НАПАД – Иранците вечерва користат НОВ ВИД НА ОРУЖЈЕ!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски ја зголемува тензијата со Орбан: Украинските сили „ќе комуницираат на свој начин“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот врховен лидер на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Иранска ракета ја погоди нафтената рафинерија во Бахреин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: Шпанија е губитник, разочаран сум и од Велика Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.