среда, септември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

МВР со официјални информации: Запленети над 40 тони марихуана, акцијата продолжува

by Redakcija
07.02.2026
in Црна Хроника

Запленети над 40 тони дрога, акцијата продолжува

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.

Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана. Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.

…

Related Posts

Финансиската полиција во акција: Милиони префрлани преку фиктивна фактура

16.09.2026

Претреси и апсење во скопско – Пронајдени марихуана, пиштол и муниција

16.09.2026

Маж од тетовско исчезнал по закани и барања за пари и возила, полицијата трага по него

15.09.2026

Скопјанка повредена од заталкан куршум додека била во дворот

15.09.2026

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Тетово

15.09.2026

Прободен полицаец при интервенција, осомничениот е во притвор

14.09.2026

Препорачани Вести

(ВИДЕО) УДАР ВРЗ СВЕТСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Иран ја погоди најголемата LNG фабрика во Катар – цената на нафтата скокна на 112 долари за барел, пожари, штета и паника на пазарите

6 месеци ago

Блокада на три бугарски гранични премини кон Македонија, најавен протест на 21 јуни

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Финансиската полиција во акција: Милиони префрлани преку фиктивна фактура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Со Европската недела на мобилност до побезбедна и попристапна Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стентон Градба дел од меѓународната конференција EUROCK 2026 во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 80 години Жито Лукс – традиција што се развива со генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хашим Тачи осуден на 25 години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.