сабота, мај 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

24 куќи во Битола се потенцијална опасност, сопствениците добија писмено известување

by Simovski
10.02.2026
in Македонија
24 куќи во Битола се потенцијална опасност, сопствениците добија писмено известување

Општина Битола започна акција за справување со потенцијално опасни објекти во градот. До 24 сопственици на куќи кои се закануваат да се урнат или да испуштат делови од фасади, керемиди и други предмети на јавни површини, односно на коловозите и тротоарите, веќе се испратени писмени известувања.

Според локалната самоуправа, од сопствениците се очекува брза реакција и преземање на мерки за обезбедување на објектите, согласно законите за градење и за локална самоуправа. Некои од куќите се празни, а дел од сопствениците живеат во странство или ги напуштиле своите домови, но безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот не смее да биде компромитирана.

„Веруваме дека објектите можат да се обезбедат на подобар начин. Сопствениците не смеат да ги запоставуваат своите имоти“, истакнаа од Општината.

Во меѓувреме, формирана е комисија која врши увид на терен за да ја утврди вистинската состојба на куќите. Сопствениците се должни да ги означат објектите како опасни и да преземат итни заштитни мерки. Доколку некој објект е под заштита, интервенцијата е во надлежност на Управата за заштита на културното наследство.

Related Posts

Туфегџиќ: Лиценцата од 2012 година не се однесува на објектот од Пулс – потребна ревизија на обвинението

30.05.2026

ВЛЕН: Блерим Беџети си замина, Аднан Јашари дојде, правосудниот испит остана заглавен

30.05.2026

Гужви и нервоза на границите со Грција по новите европски правила

29.05.2026

ВЛЕН: Блерим Беџети молчеше 1058 дена, денес се обидува да ги манипулира албанските студенти

29.05.2026

ВЛЕН: По Конгресот на Обединувањето продолжуваме со организација и мобилизација

29.05.2026

Над 14.500 матуранти од идната сабота ќе ја полагаат државната, стручната и уметничката матура

29.05.2026

Препорачани Вести

САД и Русија ја обновуваат воената комуникација на високо ниво

САД и Русија ја обновуваат воената комуникација на високо ниво

4 месеци ago

Царините на Трамп не успеаа значително да го намалат трговскиот дефицит на САД

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Радев ја заострува реториката кон Вашингтон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клиничката болница Тетово со реакција за инцидентот од вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МУРИЊО ПРЕД СЕНЗАЦИОНАЛНО ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛ МАДРИД: Наводно потпишал договор до 2029 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСИЈА Ѝ ПОРАЧА НА ЕРМЕНИЈА: Изберете меѓу Европската Унија и Евроазиската унија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА: Осум лица приведени поради дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.