понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Македонското вино расте, но малите визби остануваат без пристап до пазарот

by Redakcija
10.02.2026
in Економија

Македонската винска сцена последниве години расте со забрзано темпо, регистрирани се околу 250 винарии, од кои голем дел се семејни и мали производители, а „новиот бран“ дополнително се засили со десетици нови регистрации. 

Но зад оваа позитивна бројка се крие прашањето што сè почесто го отвораат самите визби: дали домашниот пазар навистина им е достапен на малите винарии или системски е поставен така што ги турка кон извоз и директна продажба?

Домашната потрошувачка е важна затоа што тука се гради навика, вкус и препознатливост на брендот. Сепак, реалноста е дека пазарот е ограничен и чувствителен на куповната моќ, па и кога побарувачката расте, ретко е доволна да ја „испегла“ сè поголемата понуда од нови етикети и нови производители. 

Во такви услови, критично станува прашањето на пристап до полиците и винските листи, кој има видливост, кој има континуитет во снабдување, кој има услови да се натпреварува со промоции и комерцијални договори и кој останува „надвор од кадарот“.

Малите винарии најчесто го лоцираат проблемот токму во концентрацијата на дистрибуцијата и доминацијата воугостителството. Кога во еден канал доминираат неколку силни брендови, просторот за нови и мали етикети се стеснува и тоане поради квалитет, туку поради логика на ексклузивитети, комерцијални позиции и „закупена видливост“. Во пракса, тоа значи дека полицата и винската карта често не се натпревар на вкусови, туку натпревар на услови, во смислам кој може да понуди поголем обем, поголема промоција и подолгорочни договори.

Во европската пракса, суштината на пазарното регулирање е да се спречи доминантна позиција што го гуши изборот и конкуренцијата, не за да се казни успехот, туку за да се обезбеди фер пристап до пазарот. Кај нас, малите визби предупредуваат дека без активна улога на институциите и без јасни правила за транспарентност во малопродажба и угостителство, „слободниот пазар“ лесно се претвора во затворен круг.

Дел од производителите кои имаат различни бизнис-модели, но слично искуство кога станува збор за домашниот пласман јасно го лоцираат проблемот и го наоѓаат излезот во друга насока. Еден дел од визбите се ориентираат кон извоз, што е и логично, бидејќи македонското вино во голем процент завршува на странски пазари, додека помал дел останува дома. Езимит вино е целосно извозно ориентиран и освен преку електронската продажба vinododoma.mk не продава во Македонија. Сопственикот и директор на Езимит вино, Зоранчо Митровски за ова појаснува: „Малите винарии се апсолутно дискриминирани од доминантните. Ние како Езимит вино сме присутни веќе 35 години и имаме оптимално производство на грозје и вино, соодветно пазарите каде настапуваме. Но, во Македонија се гради приказната „мали семејни винарии“ со повеќеслојни потенцијали, од економски, до развој на нова категорија вински туризам, за што и државата ја даде својата поддршка преку субвенции, но условите на пазарот и регулираноста работи спротивно на оваа идеја. Државата еднаш исплатила пари за отворање на мали винарии, но, далиодржува услови за преживување е сосем друго прашање“.

Според Зоранчо Митровски од аспект на сопственик и директор на Езимит, чисто извозно ориентиран производ, ставот на малите винарии е јасен, извозот не смее да биде единствен „излез“ затоа што домашниот пазар е затворен, туку стратегиски избор што се гради на квалитет, приказна и партнерства. „Од друга страна, визбите што сакаат стабилно присуство во Македонија велат дека најголемиот предизвик не е да се направи добро вино, туку да се стигне до потрошувачот преку полица, преку ресторани, преку фер услови. Затоа и се повеќе се наметнува потребата да се отвори темата за малите винарии не како ‘романтична приказна’, туку како економско прашање за конкурентност, пристап до канали и здрав пазар“, дополнува Зоранчо Митровски, извршен директор на Езимитвино.

Ако Македонија веќе има стотици винарии и нови производители што доаѓаат со енергија и амбиција, тогаш следниот логичен чекор е да се постави прашањето како да се создаде амбиент во кој различноста на етикетите ќе има реална шанса да стигне до купувачот, не само преку извоз, туку и дома, таму каде што се гради довербата, културата и идентитетот на македонското вино. 

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

09.11.2026

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

09.11.2026

Гранит со 91% повисока продажба: оперативната добивка се засилува, готовинскиот тек останува важен тест

09.11.2026

Шпанија ќе задржи 188.000 тони маслиново масло во магацините за да го запре падот на цените

09.11.2026

Рударството и зелената енергија сè поблиску — финансирање до 55 милиони евра отвора нови можности за индустријата

09.11.2026

Од денес се менува начинот на плаќање во банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Димитриеска-Кочоска: Македонија е дел од глобалниот дијалог за економскиот раст

2 месеци ago

Обилниот дожд предизвика поплави и уривање на потпорни ѕидови во Тетово

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Девет противпожарни возила на терен: Спречено ширењето на пожарот кај Бит-пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.