понеделник, август 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4%

by Redakcija
10.02.2026
in Економија

Народната банка реши да не ја менува насоката на монетарната политика и да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво од 4 отсто, оценувајќи дека економските услови и натаму бараат претпазливост. Одлуката беше донесена на редовната седница на Извршниот одбор, на која беа анализирани најновите домашни и глобални економски трендови, како и движењата на финансиските пазари.

Во рамки на одлуката, Народната банка најави дека на аукцијата на благајнички записи закажана за 11 февруари ќе понуди 54 милијарди денари, додека износите на наредните аукции ќе зависат од неделните проекции за ликвидноста на банкарскиот систем.

Од централната банка посочуваат дека задржувањето на внимателниот пристап е условено од неколку фактори: инфлацијата, која сè уште се движи над историскиот просек, силната кредитна активност, домашните политики што ја поттикнуваат побарувачката, како и зголемената неизвесност на меѓународната сцена, поврзана со трговските политики и геополитичките тензии.

„Целта е инфлацијата одржливо да се стабилизира на ниво блиско до долгорочниот просек, при што веќе преземените мерки – измените кај задолжителната резерва, макропрудентните инструменти и управувањето со системските ризици – треба дополнително да ја зајакнат ефикасноста на монетарната политика“, велат од Народната банка. Според нив, комбинираното дејство на овие инструменти ќе придонесе за стабилен девизен курс и ценовна стабилност на среден рок.

Просечната инфлација во текот на 2025 година изнесувала 4,1 отсто, под влијание на ценовните движења кај базичната и прехранбената компонента. Иако таа е во рамки на октомвриските проекции, централната банка нагласува дека инфлациските притисоци сè уште не се целосно надминати.

Дополнителен извор на ризик претставуваат и најновите проекции за цените на примарните производи на светските берзи, кои во најголем дел се ревидирани нагоре. Ова, заедно со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка, создава неизвесност околу идната динамика на инфлацијата.

Во делот на надворешната стабилност, Народната банка информира дека девизните резерви на крајот од јануари 2026 година достигнале 5,6 милијарди евра, што е повисоко ниво во однос на крајот на минатата година и, според меѓународните стандарди, обезбедува солидна заштита на стабилноста на денарот. Сепак, податоците од менувачкиот пазар укажуваат дека приливите од приватните трансфери во јануари се нешто пониски од очекувањата за првиот квартал, додека трговскиот дефицит во последниот квартал од 2025 година е малку над проекциите.

Економската активност, пак, покажува знаци на зајакнување. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на бруто-домашниот производ достигнал 3,8 отсто на годишна основа, што е над претходните оценки. Првичните индикатори за последниот квартал упатуваат на продолжување, па дури и благо забрзување на растот, иако глобалната неизвесност останува најголемиот надворешен ризик. На домашен план, клучна улога ќе има динамиката на реализација на инфраструктурните проекти.

Податоците од банкарскиот сектор за јануари 2026 година покажуваат натамошно зголемување на депозитите, но и силен раст на кредитирањето, со стапки повисоки од очекуваните за почетокот на годината.

Related Posts

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

30.08.2026

АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА СКЛАДИРА ЕВТИНАТА СТРУЈА ВО БАТЕРИИ И ДА ЈА ИЗВЕЗУВА КОГА ЦЕНИТЕ СЕ ПОВИСОКИ

29.08.2026

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства

29.08.2026

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

29.08.2026

Азески со амбасадори и бизнисмени во Дебар, испрати честитка по повод Денот на рударите

28.08.2026

БулМак 2016 со честитка по повод Денот на рударите

28.08.2026

Препорачани Вести

Бегство од полицијата заврши со удар во дрво – осомничениот побегнал

2 месеци ago

Родителите на судијата Ристов тврдат дека пронајдените 350.000 евра се нивни

7 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) ОГРОМНИ КОЛОНИ НА ЕВЗОНИ: За влез во Македонија се чека и повеќе од три часа

    (ВИДЕО) ОГРОМНИ КОЛОНИ НА ЕВЗОНИ: За влез во Македонија се чека и повеќе од три часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Со автомобил го прегазил своето едногодишно дете, па тврдел дека паднало од кров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО УНГАРИЈА: Украл авион и полетал кон нуклеарната централа „Пакш“, итно кренати два ловци „Грипен“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заврши големата потрага на Шар Планина: Исчезнатата планинарка пронајдена жива и во добра состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за илегален премин кај Богородица: Албанец водел група од 10 турски државјани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.