четврток, март 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Десет обвинители во трка за пет места во Обвинителството за организиран криминал и корупција

by Simovski
11.02.2026
in Македонија
javno obvinitelstvo

Се отвори трка со силна конкуренција за петте слободни позиции во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција – институцијата што се справува со најтешките облици на криминал во државата. Десет обвинители влегуваат во изборната процедура, а интересот е речиси двојно поголем од бројот на достапни места.

Половина од кандидатите се актуелни обвинителки во ова обвинителство, на кои им истекува четиригодишниот мандат. Марија Ѓоргева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу-Леши, Ивана Алексова-Трајчева и Сузана Мирческа-Кузмановска повторно ја бараат довербата на Советот на јавните обвинители за да продолжат со работа во одделот што гони организиран криминал и висока корупција.

Во конкуренцијата се и двајца виши обвинители – Артан Ајро и Трајче Пеливанов. И двајцата имаат искуство токму во ова обвинителство, од каде што заминаа во Вишото јавно обвинителство Скопје, а во својата кариера беа дел и од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Листата на кандидати ја заокружуваат тројца обвинители од Скопското јавно обвинителство: Александар Маркоски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојановиќ-Димитровска.

Избраните кандидати ќе добијат мандат од четири години во институцијата со која раководи Ислам Абази, а конечната одлука ќе ја донесе Советот на јавните обвинители.

Related Posts

ЗИМАТА НЕ СЕ ПРЕДАВА: Од денес Балканот под снег и студ – април почнува како јануари!

26.03.2026

Земјотрес регистриран во Македонија

25.03.2026

Лиценцата и фирмаријата за „Пулс“ се подмирувале преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

25.03.2026

Судењето за „Пулс“: Општината реагирала, барала да не се дозволи дискотека

25.03.2026

Хоџа: 200 милиони денари за инфраструктура во Арачиново

25.03.2026

Викендов почнува летното сметање на времето: стрелките се поместуваат за еден час нанапред

25.03.2026

Препорачани Вести

Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

2 месеци ago

Божиновска: Јавен повик за компании за енергетска поддршка на ранливите домаќинства

4 недели ago

Популарни Вести

  • СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Застрашувачки татнеж од силниот земјотрес кој вечерва ја погоди Света Гора – монасите исплашени излегоа надвор (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО ПОСЕБНА ПОРАКА: Денес не е обичен ден – некој ќе донесе одлука што менува сè

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗИМАТА НЕ СЕ ПРЕДАВА: Од денес Балканот под снег и студ – април почнува како јануари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес регистриран во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАМА И ВУЧИЌ ДОБИЈА „НЕ“: ЕУ ја урна нивната идеја за влез во Шенген

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.