петок, октомври 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Македонец опериран со робот во Германија, интервенцијата ја изведе доктор со македонско потекло

by Redakcija
11.02.2026
in Магазин

Македонски државјанин од Скопје, кој во моментот живее и работи во Германија, е опериран со хируршкиот роботски систем da Vinci на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дуизбург, Германија. Операцијата ја извел тим предводен од доктор Едис Љаиќ, кардиохирург, специјализиран за минимално инвазивна кардиохирургија и раководител на секторот за роботска кардиохирургија, кој исто така е по потекло од Македонија.

-Јас и мојот тим од Дисбург ја имавме честа нашиот сограѓанин да го оперираме со хируршкиот роботски систем da Vinci со кој ние рутински ги изведуваме овие интервенции, која е најсовремена, минимално инвазивна метода. Станува збор за 31-годишен пациент, маж, со дијагностицирана коронарна срцева болест, кој беше примен на нашата клиника. Операцијата траеше околу два и пол часа и помина одлично. Пациентот закрепнуваше бргу и без компликации и само пет дена по операцијата на отворено срце, ќе биде отпуштен на домашно лекување, во одлична општа состојба – вели доктор Љаиќ за МИА.

Љаиќ појаснува дека пациентот моментно престојува во Германија поради привремена, сезонска работа и е здравствено осигурен преку германскиот работодавач, а не преку македонскиот Фонд за здравствено осигурување.

-Тој е првиот македонски пациент што е опериран со оваа високомодерна роботска техника, и тоа од страна на друг македонски граѓанин – вели докторот.

Едис Љаиќ работи како кардиохирург на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дисбург, Германија. Специјализиран е за минимално инвазивна кардиохирургија и го води секторот за роботска кардиохирургија во оваа здравствена установа.

Како што појаснува, овој тип на кардиохирургија претставува најсовремена техника што во Германија моментно се изведува само во два центра – во Дисбург и во реномираната клиника „Шарите“ во Берлин. На ниво на цела Европа, додава тој, ваков тип на кардиохирургија се спроведува во не повеќе од 15 центри.

Извор: Скопје Инфо

Related Posts

Куќите на иднината нема да се градат како денес: Овие материјали веќе постојат

02.10.2026

Хороскоп за 2 октомври: Љубовни изненадувања, пари и неочекувани пресврти

02.10.2026

ИДЕА ЛАБ домаќин на регионалниот PROI самит на независни PR агенции

01.10.2026

60.000 Руси веќе се преселиле: Новата земја станува нивна „мала Русија“

01.10.2026

Хороскоп за 1 октомври: Нов месец, нови можности и љубовни пресврти

01.10.2026
Жестоки реакции на македонските историчари за останките на цар Самоил: „Нема научен доказ дека коските се негови“

Жестоки реакции на македонските историчари за останките на цар Самоил: „Нема научен доказ дека коските се негови“

30.09.2026

Препорачани Вести

Министерката Божиновска му помогна на Македон да стигне до Johns Hopkins CTY: „Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

2 недели ago

Николоски на терен: Увид во втората фаза од железничката линија Бељаковце–Крива Паланка

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Од 1 декември нови правила за кредитите: Еве што ќе се смени за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огромен пожар во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург: Огнот зафати 2.000 квадратни метри

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија, Србија, Грција и Бугарија заедно ги забрзуваат регионалните енергетски врски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола покажа дека живее за спортот и за големите натпревари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Чаир добива целосно нова инфраструктура, од водовод и канализација до нов асфалт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.