петок, март 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Седлоски верува во репрезентацијата: Македонија подготвена за Лига Б во Лигата на нации

by Simovski
11.02.2026
in Спорт
Седлоски верува во репрезентацијата: Македонија подготвена за Лига Б во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го дознае распоредот на противниците во претстојното издание на Лигата на нации, каде што за прв пат во историјата ќе се натпреварува во елитниот Б сегмент.

За селекторот Гоце Седлоски и неговите избраници, новите дуели претставуваат голем предизвик, но и шанса да се подготви тимот за квалификациите за Европското првенство во 2027 година. „Репрезентациите од првиот и вториот шешир се фаворити поради својот рејтинг и искуство, но тоа не значи дека исходот е предодреден. Ние ќе бидеме конкурентни на секој натпревар, ќе го наметнеме нашиот стил и ќе покажеме дека Македонија заслужено се наоѓа во Лига Б“, изјави Седлоски пред жрепката.

Тој истакна дека тимот ќе ги почитува противниците, но најмногу ќе верува во сопствените сили. „Ако бидеме организирани и фокусирани од првата до последната минута, можеме да бидеме незгоден противник за секого. Овој циклус е нов чекор за напредок и шанса да го потврдиме нашиот квалитет“, додаде селекторот.

Жрепката ќе се одржи утре во 18 часот во Брисел. Македонија се наоѓа во четвртиот шешир, заедно со Северна Ирска, Шведска и Косово.

Статус на носители имаат Шкотска, Унгарија, Полска и Израел, додека во вториот шешир се Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина. Третиот шешир го сочинуваат Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.

Related Posts

Капитенот Барди со лидерски потег: Ги врати фудбалерите да им се заблагодарат на навивачите (ВИДЕО)

Капитенот Барди со лидерски потег: Ги врати фудбалерите да им се заблагодарат на навивачите (ВИДЕО)

27.03.2026
Гатузо: Натпреварот со Босна ќе биде исклучително тежок

Гатузо: Натпреварот со Босна ќе биде исклучително тежок

27.03.2026
Неуспешно деби за Македонија на новиот селектор Седловски: Доживеавме тежок пораз од Данска во квалификациите за Светскиот куп

Неуспешно деби за Македонија на новиот селектор Седловски: Доживеавме тежок пораз од Данска во квалификациите за Светскиот куп

27.03.2026
Бенфика казнета со 73.000 евра поради расизам и инциденти на трибините против Реал Мадрид

Бенфика казнета со 73.000 евра поради расизам и инциденти на трибините против Реал Мадрид

26.03.2026
Голот на Стојковски: Првата пресметка на Македонија со Данска во 1994 година

Голот на Стојковски: Првата пресметка на Македонија со Данска во 1994 година

26.03.2026
Мекларен го открија техничкиот проблем што ги спречи Норис и Пјастри на стартот во Кина

Мекларен го открија техничкиот проблем што ги спречи Норис и Пјастри на стартот во Кина

25.03.2026

Препорачани Вести

Караманот официјално признат како македонска автохтона раса

Караманот официјално признат како македонска автохтона раса

1 месец ago

(ВИДЕО) Обид за кражба заврши фатално по разбојниците

1 месец ago

Популарни Вести

  • Пепко пристигнува во Македонија: Еве кога се отвораат првите продавници во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Девојка од Шпанија 601 ден водеше правна битка за да умре: Трагичната приказна на Ноелија ја шокираше Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: САД ќе продолжат непрекинато напади врз Иран додека не се откажат од нуклеарните амбиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел примил 8.000 тони воена опрема и муниција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во автобус на „Дурмо турс“ пронајдени 600 куршуми на Табановце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.