петок, септември 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Грција и Турција ја зацврстуваат соработката: Потпишана заедничка декларација и шест билатерални договори за економија, безбедност и инфраструктура

by Redakcija
12.02.2026
in Балкан
Грција и Турција ја зацврстуваат соработката: Потпишана заедничка декларација и шест билатерални договори за економија, безбедност и инфраструктура

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис потпишаа заедничка декларација со која двете земји ја истакнаа својата решеност за продлабочување на билатералните односи, мирен соживот и меѓусебна почит. Во декларацијата, објавена по вчерашниот шести Висок совет за соработка, лидерите нагласија дека целта е јасно дефинирање на каналите за дијалог и елиминирање на извори на тензии кои би можеле да ја загрозат стабилноста на односите.

Покрај декларацијата, во Анкара беа потпишани и шест договори за различни области на соработка, со фокус на економијата, туризмот, безбедноста и инфраструктурата. Двете земји се договорија да ги зајакнат трговските врски со цел обемот на билатерална трговија да достигне 10 милијарди долари до крајот на деценијата. Особено беше поздравена продолжената програма за краткорочни визи за турски туристи на 12 грчки острови во Егејското Море.

Безбедноста и регионалната стабилност исто така беа во фокусот на декларацијата. Турција и Грција се согласиле да продолжат со соработката во борбата против нелегалната миграција, тероризмот и организираниот криминал. Дополнително, беа отворени нови можности за соработка во енергетиката, модернизацијата на прекуграничните патни и железнички коридори, одржливото управување со водите на реката Марица/Еврос, како и во развојот на новите технологии.

Лидерите истакнаа и значењето на нивното заедничко дејствување во рамки на НАТО, во пресрет на Самитот во Анкара закажан за 7-8 јули 2026 година, како и проширување на соработката во меѓународните организации. Ердоган и Мицотакис споделија и разменија мислења за односите Турција – ЕУ и нагласија дека позитивниот моментум во политичкиот дијалог ќе се одржува и понатаму, вклучувајќи ја Позитивната агенда и разговорите за мерки за градење доверба.

Во врска со историските тензии, Ердоган рече дека иако прашањата поврзани со Егејското Море и Источниот Медитеран се трнливи, тие не се нерешливи доколку постои добра волја, конструктивен дијалог и намера за решение. „Со задоволство констатирав дека се согласуваме со мојот драг пријател Киријакос и веруваме дека од 2023 година наваму ќе се постигне напредок во решавањето на овие прашања“, рече Ердоган.

Грчкиот премиер Мицотакис додаде дека единствената преостаната разлика меѓу двете земји се прашањата за морските зони, континенталниот гребен и Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ), кои можат да се решат пред меѓународен судски орган. „Искрено посакувам да се реализира разврска во таа насока. Ако не сега, кога?“, порача Мицотакис, нагласувајќи ја потребата од отстранување на секоја формална и суштинска закана во билатералните односи.

Related Posts

Воздушна тревога во Романија: Дрон падна кај Солка, во акција Ф-16

24.09.2026

Вози 160 км/ч, има Wi-Fi и работи на два погона: Хрватска го покажа новиот воз

24.09.2026

Европскиот пат на Црна Гора под знак прашалник: Хрватска бара решавање на старите спорови

24.09.2026

Шефицата на албанската тајна служба во притвор: Пронајдени и документи со државна тајна

23.09.2026

Претседателот на „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, на средби со претставници на ФУЕН

21.09.2026

Грција ќе дава до 10.000 евра помош за семејства кои ќе се преселат во пограничните области

21.09.2026

Препорачани Вести

Полицијата проверува ранци пред средни училишта во Скопје, во фокус борбата против дрогата

5 месеци ago

Дескоски: Савески пред три клучни теста – Кочани, СЈО и случајот „Жан Митрев“

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Платформата против Филипче најави промени во СДСМ: „Партијата е на егзистенцијален минимум“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 1,85 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љатифи на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Три спорта, една енергија – Пробиштип со спортски ден ја одбележа Европската недела на спортот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД го одбија условот на Иран за Ормускиот теснец: „Вие не го контролирате“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.