Friday, February 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Меџити најави реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

by Redakcija
13.02.2026
in Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Изрт Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го најавија почетокот на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во општината – целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурат“.

Проектот предвидува целосно асфалтирање, уредени две коловозни ленти во двете насоки, стандардирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, организиран паркинг за околу 200 возила и нов систем за јавно осветлување.

Реализацијата на проектот се спроведува во соработка помеѓу Општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт и врски. Улицата има посебно значење за Чаир, бидејќи ги поврзува населбите, го олеснува секојдневното движење и директно влијае на локалниот развој.

Меџити потенцира дека секоја инвестиција во инфраструктура е инвестиција во безбедност, економија и повисок стандард на живеење за граѓаните. Тој истакна дека ангажманот на општината останува јасен – продолжување со проекти кои ги унапредуваат јавните простори и му даваат на Чаир функционалност и изглед кој го заслужува.

Градоначалникот се заблагодари на институционалните партнери за поддршката и на граѓаните за довербата и трпението за време на реализацијата на работите.

Next Post
Работодавачите во Германија со барање за кратки и строго регулирани штрајкови

Работодавачите во Германија со барање за кратки и строго регулирани штрајкови

Петок 13-ти: Потекло, митови и современо суеверие

Петок 13-ти: Потекло, митови и современо суеверие

Препорачани Вести

Руски воздушни удари: Илјадници згради во Киев без греење

3 weeks ago

ФФМ со поракa пред стартот на новата сезона во Прва МФЛ: Фудбалот на прво место

6 months ago

Популарни Вести

  • Цвета Ристовска се повлече од својата функција во ДКСК

    Цвета Ристовска се повлече од својата функција во ДКСК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Омерагиќ: Македонија подготвена за предизвиците во Лигата на нации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наставник од Гостивар обвинет за физички напад врз малолетник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за 40-годишник од Кочани поради неовластено користење на платежна картичка и компјутерски системи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.