вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

УДАР ПО „ТЕМУ“ И “АЛИ ЕКСПРЕС”: Од 1 јули се воведуваат  нови давачки за секоја онлајн пратка под 150 евра

by Уредник
15.02.2026
in Економија

Од 1 јули 2026 година Европската Унија воведува нова фиксна царинска давачка од 3 евра за малите пратки со вредност под 150 евра што пристигнуваат од земји надвор од Унијата, најчесто преку онлајн продавници.


Со ова практично се укинува досегашното царинско ослободување за евтини нарачки, кое со години овозможуваше голем прилив на евтини производи од платформи како „Тему“, „Шеин“ и „АлиЕкспрес“.


Новата давачка нема да се пресметува по пакет, туку по категорија на производ во рамки на пратката. Тоа значи дека ако во еден пакет има производи од различни тарифни групи, царината ќе се наплатува повеќекратно – по 3 евра за секоја категорија.


Мерката е најавена како привремена и ќе важи од 1 јули 2026 до 1 јули 2028 година, кога се очекува да стапи во функција новиот европски систем за царинска обработка („Customs Data Hub“), по што ќе следи целосна реформа на царинската унија.


Според европските институции, целта е да се намали нелојалната конкуренција кон европските трговци, да се подобри контролата на безбедноста и квалитетот на производите и да се спречат злоупотреби во онлајн трговијата.


За македонските граѓани мерката ќе има индиректно влијание – таа ќе се применува кога пратките пристигнуваат на адреси во земји членки на ЕУ (на пример преку роднини, пријатели или магацини во Унијата), додека директните пратки во Македонија ќе зависат од домашните царински правила.


Експертите оценуваат дека новата царина најмногу ќе ги поскапи евтините онлајн нарачки, бидејќи дополнителните 3 евра претставуваат значителен трошок за производи што чинат само неколку евра.

Related Posts

Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

31.03.2026
Европа бега кон алтернатива за фосилните горива: Соларни панели, топлински пумпи и електрични возила

Европа бега кон алтернатива за фосилните горива: Соларни панели, топлински пумпи и електрични возила

31.03.2026

Златото ја задржува стабилноста: Грам по 127 евра, унца близу 4.000 евра

31.03.2026

Божиновска: Со енергетска ефикасност до помали трошоци – Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

30.03.2026

Вкупен промет од 125,42 милиони денари, слаб пад кај банките и стабилен ОМБ

30.03.2026

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ!

30.03.2026

Препорачани Вести

Украинци уапсени во Унгарија со милионски суми и злато

Украинци уапсени во Унгарија со милионски суми и злато

4 недели ago
zlato

Златото ја качи вредноста на 5.000 долари за унца

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Ирански дрон нападна кувајтски танкер со нафта во Дубаи

    Ирански дрон нападна кувајтски танкер со нафта во Дубаи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Тетово – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија утрово ја потресе Македонија: 34 – годишник си го убил сопствениот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рубио: На еден или на друг начин, Ормутскиот Теснец ќе биде отворен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.