петок, октомври 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Потпорен ѕид паднал врз куќа во Тетово, свлечишта на Шапка и неколку места во тетовско, поплавени 200 куќи во Форино

by Redakcija
16.02.2026
in Република

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со поплавите во земјавата до 13:30 часот.

Тетово и Полошки регион

Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта.

Во Тетово:

Пријавен е паднат потпорен ѕид врз семејна куќа на улица 146. На терен се излезени Кризниот штаб на Општина Тетово, полициска екипа од ПС Тетово и општинските инспекциски служби.

Евидентирано е свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Одронот претставува ризик за околните станбени објекти. Големо свлечиште е регистрирано на улица 195, на патниот правец од с. Џепчиште кон с. Џермо. Патот е непрооден за цело маало. Свлечиште е пријавено и на улица „Прохор Пчински“. Во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.

Во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат.

Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории во село Теарце. Известени се надлежните институции. Во Општина Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испрати механизација и се очекува нормализирање на сообраќајот.

Во Гостивар состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите. Реките во селата Лакавица, Беловиште, Мало Турчане и Балиндол се повлечени во своите корита. Во село Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население.

Кумановски регион

На подрачјето на Куманово, како и во Општина Липково и Општина Старо Нагоричане, во моментов нема опасност од излевање на реките – водостојот е намален и водата е повлечена во коритата.

Од вчерашните врнежи:

Во село Опае (Општина Липково) поплавено е земјоделско земјиште по излевање на Слупчанска Река. Дел од земјоделските површини се поплавени и во село Оризаре. Во село Доброшане, кај мостот кон село Шупли Камен, имало насобран отпад и локално излевање на обработливо земјиште. Во моментов нема опасност. Во населба Бедиње е однесен дрвен мост од надојдената река. Известени се надлежните служби.

Кичевски регион

Во Кичево врнежите престанаа и нивото на реките е намалено. Состојбата во градската болница е нормализирана. Евакуирани се 250 лица (62 семејства), на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства. Екипите на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците: Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември, како и кај домовите покрај реките Треска и Зајашка. Поплавени се и земјоделски површини покрај речните корита во општината.

Скопски регион

Во Скопје е пријавена надојдена вода кај мостот во Јурумлери (граница меѓу општините Аеродром и Гази Баба), како и минимално излевање на реката Вардар кај село Пакошево – Ново Село, во Општина Зелениково. Засега нема други пријави.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Општина Битола: Заедно со граѓаните го креираме буџетот за 2027 година

16.10.2026

Утре без струја делови од Тетово, Мала Речица и Желино

15.10.2026

Коњановски: Руралната жена има значаен придонес во земјоделството и развојот на Пелагонија

15.10.2026

Земјотрес регистриран во Македонија

15.10.2026

Коњановски: Голема вест за Битола – „Кромберг и Шуберт“ планира 2.000 нови вработувања

15.10.2026

Димитровски: Битола работи на зелени решенија и искористување на обновливите извори

15.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски: Македонија заслужува место во Европа

8 месеци ago

УЈП со известување за скенираните сметки од МојДДВ

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Мајка пријавила дека сосед ја нападнал нејзината малолетна ќерка во тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пленковиќ: Македонија беше пред Хрватска, но две држави ѝ одзедоа 21 година на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција отвори огромно батериско складиште за електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: „Летечкиот“ автомобил на Маск меѓу големите ветувања и долгото чекање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.