понеделник, ноември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Повлекување на голем број BMW модели поради проблем со стартувањето на моторот

by Redakcija
16.02.2026
in Технологија
Повлекување на голем број BMW модели поради проблем со стартувањето на моторот

Германскиот автомобилски гигант BMW започна глобална акција за повлекување возила, која според извори од весникот kfz-Betrieb, би можела да опфати околу 575.000 автомобили. Компанијата не ја потврдува точната бројка, но ја опишува како „средна шестцифрена бројка“. Во Германија, пак, засегнати се 28.582 автомобили.

Причината за повлекувањето е проблем со стартерот: по голем број стартувања, магнетниот прекинувач може да се износи, што доведува до тешкотии при стартувањето на моторот, а во најлош случај, возилото воопшто да не се запали. Дополнително, не се исклучува можноста за краток спој, кој може да предизвика локално прегревање и потенцијален пожар. BMW предупредува дека сопствениците може да забележат чад или мирис на изгорено и ги советува да не го оставаат автомобилот без надзор додека моторот е вклучен.

Акцијата за повлекување ги опфаќа модели од серијата 2 Coupe, некои верзии од сериите 3, 4 и 5, 6 Gran Turismo, седаните од серијата 7, како и SUV моделите X4, X5, X6 и спортскиот Z4. Проблемот е поврзан со стартери произведени помеѓу јули 2020 и јули 2022 година, вклучувајќи и оние што подоцна биле заменети во сервиси.

Поради тоа што стартерите биле складирани различно време пред инсталација, не е возможно прецизно да се одреди периодот на производство на самите возила. Сопствениците можат да проверат дали нивниот автомобил е опфатен со повлекувањето на официјалната веб-страница на BMW, со внесување на бројот на шасијата (VIN). https://vehiclerecall.bmwgroup.com/index.html?brand=bmw&market=de&language=de

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Индонезија и Кина со мегапроекти од речиси 87 милијарди долари: Ќе градат десет паметни градови

23.11.2026
Битка за иднината на вештачката интелигенција: Америка и Кина ги развиваат три четвртини од водечките модели

Битка за иднината на вештачката интелигенција: Америка и Кина ги развиваат три четвртини од водечките модели

22.11.2026
Клод реши математички проблем што ги мачи научниците веќе 167 години

Клод реши математички проблем што ги мачи научниците веќе 167 години

20.11.2026

Откриени најдобрите и најлошите автомобили на технички преглед: Резултатите ќе изненадат многумина

19.11.2026

Голем кибернапад: Нападнати страниците на дури 178 светски компании

17.11.2026

Xiaomi ги претставува Xiaomi 18 Pro Max и Xiaomi 18 Pro – премиум паметни телефони од новата генерација, создадени за ерата на вештачката интелигенција

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Утре без струја делови од Тетово и селата Порој и Шемшево

10 месеци ago
Австралија и Јапонија одбиваат да испратат бродови во Ормускиот теснец

Нафтен танкер повторно помина низ Ормускиот Теснец

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин: Крајот на војната зависи од Украина – Киев мора да ги прифати компромисите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со жестоки обвинувања: „Сето ова е огромна измама!“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.