вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

АРМ ќе проми 300 ново војници

by Redakcija
17.02.2026
in Македонија

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Огласот се очекува да биде објавен веднаш по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел процесот да започне веќе во пролетниот рок.

Според Мисајловски, интересот кај младите за приклучување кон Армијата е присутен, а постојниот офицерски кадар и специјалните единици се на високо ниво на обученост. Тој потенцираше дека со зголемувањето на буџетот за одбрана ќе се подобрува и статусот на припадниците на Армијата, вклучително и нивните примања.

– Кога ќе стигнат сите потребни документи од Министерството за финансии, ќе ги објавиме конкурсите. Очекувам тоа да биде веќе во пролетниот период, за што повеќе луѓе да се пријават и да станат дел од Армијата – изјави Мисајловски.

Министерот потсети дека од минатата година платите во Министерството за одбрана се зголемени за 30 проценти, нагласувајќи дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму.

– Со растот на буџетот ќе се зголемуваат и платите. Целта е да имаме мотивиран и задоволен кадар – истакна тој.

Покрај новите вработувања, Мисајловски најави и решение за задржување на војниците кои ќе наполнат 45 години. Според него, во тек се иницијативи со кои ќе се овозможи тие да останат во Армијата и да продолжат да придонесуваат со своето искуство.

– Работиме на модел кој ќе овозможи сите војници над 45 години да останат активни. Очекувам наскоро да излеземе со решение што ќе биде прифатливо за сите – додаде Мисајловски.

Related Posts

Хоџа: Продолжуваме со зајакнување на соработката со ЕУ за обезбедување долгорочна заштита и одржлив развој на Преспанскиот регион

31.03.2026

Советот на јавни обвинители ја укина суспензијата: Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

31.03.2026
Лазарева Сабота во Кичево: Граѓаните на Кичево ќе го слават воскресението со традиционални поворки

Лазарева Сабота во Кичево: Граѓаните на Кичево ќе го слават воскресението со традиционални поворки

31.03.2026
Извор: Плус Инфо.мк

Македонски кардиолог Никола Бакрачески официјално стана соработник на Американскиот Колеџ за Кардиологија во Њу Орлеанс

31.03.2026
Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа на крајот од овој месец

Радио Слободна Европа денес го затвора македонскиот сервис

31.03.2026
Во Ростуше снимена мечка како се шета низ селото (ВИДЕО)

Во Ростуше снимена мечка како се шета низ селото (ВИДЕО)

31.03.2026

Препорачани Вести

Иран нападна американска база во Бахреин

3 недели ago

Божиновска најави поддршка за ранливи домаќинства со инвертер клими

4 недели ago

Популарни Вести

  • Инцидент со закани кон вработена во центарот за социјални работи Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот Јовановски на терен: Кичево добива подобра патна инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец осомничен за измама – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП со соопштение за студенти кои оствариле доход надвор од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.