четврток, април 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски најави текстуални измени на ГУП за забрзан развој на Прилеп

by Redakcija
17.02.2026
in Република, Топ Вести

Прилеп подготвува текстуални измени на Генералниот урбанистички план (ГУП) со цел да се овозможи континуитет во издавањето градежни дозволи и да се поттикне економскиот развој на градот. Со измените, на стариот ГУП кој важеше до 2023 година би му се продолжил рокот до донесувањето на нов урбанистички план, чија изработка може да трае од 24 до 36 месеци.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, посочи дека во изминатите години биле издадени мал број градежни дозволи поради неусогласеноста меѓу ГУП и деталните урбанистички планови. „Во последните осум години, на прсти се бројат издадените градежни дозволи. Тоа директно влијаеше врз економијата. Започнавме процес на измена на текстуалниот дел на ГУП за да нема застои, легално да се издаваат дозволи и да се ослободи просторот за градење. Немаме повеќе време за чекање“, изјави Проданоски.

Тој нагласи дека измените не се косат со законската регулатива и ќе овозможат ГУП да функционира до изработката на новиот план, за кој очекува да биде подготвен до крајот на мандатот. Според него, со овие измени ќе се зголеми интересот за инвестирање во Прилеп.

Од Секторот за урбанизам информираат дека доколку лани биле издадени околу 100 градежни дозволи, годинава бројот би можел двојно да се зголеми. Интересот е поголем кај физички лица, додека одобренијата најчесто се однесуваат на индивидуално и колективно домување и стопански објекти.

Во моментов во постапка на донесување се 18 детални урбанистички планови (ДУП) за градот Прилеп, како и уште 29 ДУП-ови за околината и населените места.

Related Posts

Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија

09.04.2026

Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

08.04.2026

Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре 09.04.2026 ќе бидат без струја

08.04.2026

Коњановски: Градежните активности кај здравствениот дом влегуваат во завршна фаза (ВИДЕО)

08.04.2026

СЕЈФ СИТИ се поставува во уште еден град во Македонија

08.04.2026

Проданоски: Прилеп останува град на еднаквост и почит – заеднички го одбележуваме Меѓународниот ден на Ромите

08.04.2026

Препорачани Вести

Црн биланс на патиштата денес: три тешко повредени во сообраќајни несреќи во Битолско, Прилепско и Радовишко

2 месеци ago

(ФОТО) Инцидент во Ормутскиот теснец: Иранската армија уништи брод што се обидел да помине – Иран се закани дека нафтата ќе достигне 200 долари за барел

4 недели ago

Популарни Вести

  • Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Десет важни правила што менаџерите и претприемачите често ги игнорираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индија по седум години повторно увезува иранска нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се враќа средното полициско образование – Еве кој ќе може да се запише

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку кратките паузи можат да ја зголемат работната продуктивност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.