среда, септември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Тетово на врвот: Одземени 90 возила низ Македонија за две недели

by Redakcija
18.02.2026
in Црна Хроника

Управувањето со моторно возило без возачка дозвола претставува кривично дело, а согласно законските одредби, по наредба на Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи има овластување да одземе вакво возило.

Како управување без дозвола се смета кога лицето никогаш не положило возачки испит, кога дозволата му е трајно одземена или кога управува возило во период на важечка забрана за возење.

Во период од нешто повеќе од две недели, односно од стартот на проектот „Сејф Сити“, полицијата на територијата на целата држава одзела вкупно 90 возила.

Според податоците, најмногу одземени возила има на подрачјето на СВР Тетово – 14, по што следуваат СВР Велес со 13 и СВР Битола со 12 возила. По 11 возила се одземени во СВР Струмица и СВР Куманово.

Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека одземањето на возилата се врши по насоки на јавен обвинител, додека понатамошната постапка е во надлежност на обвинителството и судските органи.

Одземените возила во моментов се чуваат во полициски станици, а понатаму ќе бидат преместени на локации што ќе ги утврди обвинителството.

Во меѓувреме, според последните информации од полицијата, забележано е намалување на бројот на сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Сејф Сити“.

Related Posts

Запленети 4 километри забранети рибарски мрежи во Охридското Езеро – пронајдени 872 риби

02.09.2026
Три пожари за три часа во Струмица утрово

Скопјанец подметнал пожар, фатен за само неколку часа

02.09.2026

Ножеви и пендрек во тепачка во Скопје: приведени 19-годишник и 13-годишник

01.09.2026

Претрес и апсење во скопско – МВР со детали

01.09.2026

Такси проби ограда од мост вечерва во Скопје

31.08.2026

Пукотници во Куманово во три часот наутро: Двајца на скутер пукале во „Ауди“ во движење

31.08.2026

Препорачани Вести

Шок во групата Д: Австралија ја урна Турција со 2:0 и го замрси патот кон осминафиналето

3 месеци ago

„Живееме пекол“: Студентите жестоко удрија по настапот на Вучиќ – обвинувања за недостиг на емпатија

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Групацијата 4iG и SpaceX склучија прв договор во Европа за воведување на Starlink Mobile и Sovereign Solutions

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Следуваат нови продолжени викенди: Еве ги датумите на следните неработни денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ескалација на протестот во Тирана: Рама евакуиран од кабинетот под силно полициско обезбедување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марта Кос со предупредување до Србија: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Напад со импровизирани ракети во Германија, полицијата на нозе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.