вторник, мај 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Интервју на Проданоски за Press24: За Прилеп, 2026 е година на нови почетоци и предизвици

by Redakcija
20.02.2026
in Република, Топ Вести

Изминаа првите 100 дена во кој градоначалникот на Прилеп Дејан Продановски ги превзема обврските за менаџирање на општината. Разговараме со градоначалникот Проданоски, за сработенотово првите три месеци, како и за предизвиците и за плановите што ги носи 2026 година.

Месецов изминаа првите 100 дена од граданачалничкиот мандат. Кои беа вашите први одлуки како градоначалник и на што прво се фокусиравте во Општината? 

Финансиска консолидација, организациска и институционална стабилизација на локалната власт беше првиот фокус со цел подобрување на комуналните услуги, јавната хигиена, како и ефикасна и достапна општинска администрација. Акцентот беше ставен на поквалитетно образование, поддршка на културата и директна, искрена комуникација со граѓаните. Овој тримесечен период беше исполнет со предизвици, но и со конкретни резултати и нови почетоци, кои ја покажуваат нашата посветеност кон подобрување на секојдневието во градот. Минатите три месеци, го реорганизиравме работењето на локалната самоуправа, ја подигнавме чистотата и уредување на градот преку заедничка еко-акција во која се вклучија голем број граѓани. Ова ми дава поттик и мотив дека заедно можеме повеќе. Како што ветив, вратата на Општината е отворена за граѓаните, со јасна цел Прилеп да стане функционален, уреден и достоинствен град за живеење.

Го подобривме локалниот патен и комунален систем, вложувавме во уредување на јавни простори, уредување на коритото на градската река, реконструкција на спортски игралишта и започнавме со проекти кои се од интерес на граѓаните во насока на подобрување на секојдневното функционирање на градот. Бев и останав меѓу прилепчани, имам средби со жителите, во маалата, на настаните, во населените места затоа што сакам да чујам кои се предизвиците, но и предлозите за поубав Прилеп. „100 дена за Прилеп“ можеби не беа совршени во реализацијата на сите активности, но беше период на работа, стабилизација и поставување цврсти темели за почеток на развој на Општина Прилеп. Продолжуваме понатаму – со истата енергија, со истата посветеност и со верба дека Прилеп заслужува повеќе, а ние можеме и ќе го оствариме тоа.

Прилеп има капацитет и сила за успешност и сметам дека градот конечно треба да се врати на пиедесталот на најуспешни и најквалитетни градови за живеење во Република Македонија.

Што може да очекуваат прилепчанигодинава? Кои се приоритетите и предизвиците за Општина Прилеп да биде поубаво место за живеење?

Оваа 2026 година донесе нов предизвик, бидејќи, би била и прва година од мојот мандат. Најпрво сме насочени кон транспарентна и отворена општина – општина за сите. Во таа насока започнавме уште од стартот на мандатот со јавни консултации за креирање на Буџетот за 2026 година, со цел граѓаните да предложат приоритетни проекти и да придонесат кон правилна распределба на буџетските средства. Проектот Е-Општина почна со релизација и повеќето од услугите веќе се дигитално достапни. Со тоа го направивме побрзо и поефикасно опслужувањете на граѓаните, но се уште ни останува во фокусот да го зголемиме бројот на дигитални услуги со цел да ја подобриме поврзаноста меѓу граѓаните и локалната власт, односно, да се олесни пристапот до јавните услуги, да се зголеми транспарентноста и да се поттикне поголема ефикасност во работењето и намалување на редиците и гужвите пред јавните институции.

Донесовме и одлука за кадровска промена и реструктурирање на јавните институции со цел продолжување на професионалниот пристап во јавните институции, јакнење на стручноста, стабилно и транспарентно работење и градење поголема доверба кај граѓаните.

Важен капитален проект е изградбата на кружниот тек во населбата Табана. Веќе се започнати градежните активности. Проектното решение предвидува кружен тек со две коловозни ленти, како и изградба на пешачка и велосипедска патека, со што добиваме современо и безбедно сообраќајно решение. Вкупната вредност на овој капитален проект е 138 милиони денари, од кои 126 се финансирани преку првиот јавен повик на Владата, а 12 милиони кофинансирање од Општина Прилеп и ова претставува еден од најголемите проекти што ги доби Општина Прилеп. Со неговата реализација ќе се зголеми проточноста на сообраќајот на една од главните градски артерии што води кон центарот на градот. Со поволни временски услови, проектот ќе биде завршен до крајот на јуни 2026 година.

Целото интервју може да го прочитате на press24

…

Related Posts

Димитриеска – Кочоска: Обезбедивме најповолни услови за задолжување, наша обврска е да ја задржиме фискалната стабилност и рационално да управуваме со јавните средства

19.05.2026

Денот на пожарникарите ќе биде одбележан со показна вежба во Прилеп

19.05.2026

ЈКП Водовод – Битола со нови инвестиции за поефикасен и одржлив водоводен систем

19.05.2026

Проданоски: Современа технологија во служба на побезбеден сообраќај во Прилеп

19.05.2026

И ТЕПАН И БЕЗ ПАРИ: Газда во Делчево истепал работник бидејќи дал отказ згора на се му земал 26.000 денари

18.05.2026

Јегуновце го заокружи четвртото издание на турнирот во мал фудбал

18.05.2026

Препорачани Вести

Москва тврди: Лондон и Париз планирале пренос на нуклеарни елементи во Украина

Москва тврди: Лондон и Париз планирале пренос на нуклеарни елементи во Украина

3 недели ago
Прекин на водоснабдување на булевар „Илинден“ во Карпош поради дефект на цевка

Прекин на водоснабдувањето во делови на Скопје

1 месец ago

Популарни Вести

  • Димитриеска – Кочоска: Обезбедивме најповолни услови за задолжување, наша обврска е да ја задржиме фискалната стабилност и рационално да управуваме со јавните средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,12 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РКЕ разгледува проширување на евтината дневна тарифа на струјата во текот на денот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Густ чад од депонијата во Радовиш: Кризниот штаб излезе со препораки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филков: Полагањето на правосуден испит не смее да стане политичко прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.