вторник, март 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Македонија може да стане членка на ЕУ без право на глас во 2027 година

by Simovski
20.02.2026
in Македонија
Мицкоски денес во Минхен на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави дека Македонија би можела да се приклучи кон Европската унија веќе во 2027 година, но на начин кој ќе ја постави државата на „брза лента“ без право на глас. Според него, ова сценарио е дел од поширокиот мировен план за Украина и моментално се разгледува и во Брисел.

„Идејата е Украина, заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија, да станат членки на ЕУ и да седнат на масата на Советот, да се развие македонското знаме во Брисел, но без право на глас. Сепак, ќе можеме да учествуваме во работата на комисиите и другите тела, со многу внатрешни контроли“ објасни Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Премиерот истакна дека постојат два клучни услови за ваквата интеграција: усогласена надворешна и безбедносна политика и владеење на правото. Тој претпоставува дека уставните измени би биле потребни, бидејќи претходната влада ги прифатила тие принципи.

„Ова сценарио ќе се случи во 2027 година. Другиот предуслов е да се приклучат и останатите земји од регионот – Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Молдавија. Сè зависи од многу „ако“: мировниот план за Украина, консензус за евентуален мировен договор и други динамични фактори“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ќе работи на откочување на евроинтеграцискиот процес, но нема да го прави тоа под притисок. – Нашите аргументи се на наша страна и веќе добиваат тежина и препознатливост во меѓународната заедница, посочи премиерот.

Мицкоски ја критикуваше досегашната практика на компромиси на штета на македонскиот идентитет, споредувајќи ја со долгите и сложени историски процеси, од Бледскиот договор до Францускиот предлог, кои според него не донеле фер решение. „Ние нема да работиме кон решение кое нè доведува само до првата пречка, туку ќе бараме трајно и достоинствено решение“ нагласи тој.

Премиерот откри дека на последниот панел во Минхенската безбедносна конференција, еден од претставниците на моќна земја го нарекол односот кон Македонија „криминал“. Во меѓувреме, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, не бара итни уставни измени, туку нивно постепено усвојување.

„Секој кој не мисли добро за Македонија ќе бара „меко ткиво“ во опозицијата, и тоа се случува“ рече Мицкоски, алудирајќи на СДСМ и неговото водство.

Во својата изјава, Мицкоски јасно го дефинираше стилот на владеење на неговата администрација: транспарентен, конзистентен и насочен кон резултати. „Јас излегувам и кажувам што можам да водам, без да ги менувам правилата на игра“ заклучи премиерот.

Related Posts

Трет лет за евакуација на македонските граѓани од конфликтните зони на Блискиот Исток

Трет лет за евакуација на македонските граѓани од конфликтните зони на Блискиот Исток

17.03.2026
Извор: Screenshot

Редок вид на Шар Планина: Две нови единки на балкански рис откриени преку видео надзор

17.03.2026
Две пријави за функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Две пријави за функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

17.03.2026
Македонија заостанува зад регионот во дигитална употреба на јавните услуги

Македонија заостанува зад регионот во дигитална употреба на јавните услуги

17.03.2026

Андреевски меѓу елитата во Мар-а-Лаго: Македонската дијаспора сè поактивна во американската политика

17.03.2026
Советот на јавни обвинители едногласно го поддржа Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Кандидатурата на Савески за нов државен јавен обвинител утре ќе се гласа во Собранието

17.03.2026

Препорачани Вести

Утре без струја делови од Тетово и селата Порој и Шемшево

1 месец ago

Омерагиќ: Македонија подготвена за предизвиците во Лигата на нации

1 месец ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Подобруваме услови за учење во подрачното училиште во Крклино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 20-те најомразени земји во светот за 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската женска кошаркарска репрезентација подготвена за последен натпревар од евро-квалификациите против Хрватска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: Германија нема да учествува во конфликтот на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказна во чаша“: Првиот вински салон-фестивал во Штип на 21 март

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.