Дел од корисниците во општина Центар денеска ќе се соочат со прекин на електричната енергија. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, без струја од 07:30 до 15:00 часот ќе останат жителите на улицата „Никола Тримпаре“ број 15, дел од улицата „Мирослав Крлежа“ од број 16 до 20, како и некои локали и влезови на згради на булеварот „Климент Охридски“ број 54.
Дополнително, на улицата „Мирослав Крлежа“ (броевите 52, 54, 56, 58, 60 и 62) утринава од 09:30 часот започна прекин на струјата кој ќе трае до 15:30 часот.
Од 08:00 до 14:30 часот, струјата ќе биде прекината за корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, додека во општина Студеничани, жителите на местото Бурдем ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот.












