четврток, март 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Иран подготвен за компромис со САД

by Simovski
25.02.2026
in Свет
Преговори помеѓу САД и Иран денес во Женева

Во пресрет на новата дипломатска рунда во Женева, Иран испраќа сигнал дека е подготвен да оди до крај за да обезбеди договор со Соединетите Американски Држави околу својата нуклеарна програма.

Заменик-шефот на иранската дипломатија, Маџид Тахт-Раванчи, порача дека Техеран ќе настапи „со искреност и добра волја“, уверувајќи дека постои реална можност за брз напредок доколку и другата страна покаже политичка подготвеност. Според него, Иран е решен да преземе „сè што е потребно“ за конечно да се придвижат работите од мртва точка. Изјавата ја пренесе CNN, повикувајќи се на ирански медиуми.

Досегашните контакти меѓу двете земји се одвиваа зад затворени врати и со посредство – две рунди разговори веќе се одржаа во Оман и Швајцарија, а следната средба е планирана за четврток во Женева. Иако директна комуникација сè уште нема, дипломатските канали очигледно остануваат отворени.

Истовремено, Техеран испрати и јасно предупредување. Евентуален воен удар од страна на Вашингтон би бил „големо коцкање“, кое може да ја дестабилизира целата блискоисточна сцена, предупреди Тахт-Раванчи. Тој потенцираше дека Иран има подготвени одбранбени сценарија и ќе реагира согласно сопствените планови доколку биде нападнат.

Кога станува збор за агендата, иранската страна не остава простор за дилеми: на маса ќе биде исклучиво нуклеарното прашање. Идеите за проширување на разговорите со теми како балистичката ракетна програма, според Техеран, не се предмет на овие преговори.

Related Posts

Цените на нафтата експлодираа – 119 долари за барел

19.03.2026

ВИДЕО: Иран погодил американски Ф-35?

19.03.2026
Трамп тврди дека САД ја добиле војната со Иран, но ветува продолжување на воените дејствија

Трамп се губи пред очите на сите, а никој не се осмелува да му каже. Тоа е бескрајно опасно

19.03.2026

Иран издаде итно предупредување: нафтени и гасни објекти во Заливот под закана од напади

19.03.2026

Хегсет: САД подготвуваат најсилни напади досега врз Иран

19.03.2026

Оман: Вашингтон ја изгуби контролата, време е за дипломатија

19.03.2026

Препорачани Вести

Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

2 месеци ago

Полицијата одзеде БМВ во Брвеница – Ова се деталите

1 месец ago

Популарни Вести

  • Обвинителство со првични информации за уапсениот Директор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАЈНОВА ВЕСТ: МВР вечерва уапси актуелен директор за примање мито од 50.000 евра – еве за кого станува збор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациент упатувал закани на Клинички – Интервенирала полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Тетово по пријава за следење и телефонски закани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата апсеше во Штип – Ова се деталите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.