понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Уште пет сведоци ќе бидат сослушани на денешното судење за пожарот во „Пулс“

by Redakcija
25.02.2026
in Македонија

Судскиот процес за пожарот во кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска продолжува во судницата во Идризово. Основниот кривичен суд Скопје претходно го одложи рочиштето за 19 февруари поради здравствени причини на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот каде се наоѓал клубот, кој бил на болничко лекување во Кочани.

Досега во судската сала се сослушани повеќе сведоци кои биле присутни во објектот за време на пожарот. Тие опишаа хаос и паника кога пламените јазици и густиот чад ја зафатија преполната дискотека. Во нивните искази се наведува дека единствен излез бил главната врата, што резултирало со стампедо, а дека само пејачот на групата ДНК, Владимир Блажев-Панчо, ги повикал гостите да излезат надвор.

За денешното рочиште се очекува да бидат сослушани уште пет сведоци предложени од Јавното обвинителство. На претходното, кое се одржа на 5 февруари, сведочеа двајца пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот и двајца гости кои биле присутни во клубот.

Гроздан Милковски, кој му го издал објектот на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, на рочиштето во декември изјави дека не знаел дека објектот ќе се адаптира во кабаре.

Родителите на загинатите, кои минатата сабота учествуваа на протестниот „Марш за ангелите“, повторно изразија незадоволство од бавниот тек на судењето. Тие истакнаа дека пред почетокот на процесот добиле уверување дека ќе има две рочишта неделно, без одложувања по непроверени оправдувања, и дека лекарските потврди ќе бидат строго контролирани.

Дополнително, родителите реагираа на информации дека еден од обвинетите, Тодор Јованов, брат на Дејан Јованов-Деко, кој е во притвор во Скопје, вршел притисок врз сведоци преку телефон. Тие повикаа надлежните да ја проверат комуникацијата и телефонските разговори.

Еленко Миланов, адвокатот кој го застапува поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, критикуваше што судењето продолжува без Обвинителството да се произнесе за барањата на дел од адвокатите околу правната квалификација на делата на обвинетите, слични на оние за кои претходно биле гонети седуммина полициски службеници.

Вкупно 35 физички и три правни лица се обвинети за пожарот во „Пулс“, меѓу кои се сопственици, блиски лица, инспектори, поранешни министри и припадници на обезбедувачката агенција на кабарето. На почетокот на судењето сите обвинети се изјаснија дека не се виновни и ја оспорија причинско-последичната врска меѓу нивните дејствија и трагичниот исход од пожарот.

Тим од 15 јавни обвинители го застапува обвинението, а судењето ќе го води судијката Диана Груевска-Илиевска.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

09.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Ѕвездите од регионот заработија баснословни хонорари за новогодишните настапи

10 месеци ago

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

1 месец ago

Популарни Вести

  • Девет противпожарни возила на терен: Спречено ширењето на пожарот кај Бит-пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.