петок, септември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Тоневски: Финансиска стабилизација и економски развој се приоритет по првите 100 дена

by Redakcija
26.02.2026
in Република, Топ Вести

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, во телевизиско гостување на регионалната ТВ Стар посветено на отчетот за првите 100 дена од мандатот, говореше за финансиската состојба во општината, економските приоритети и капиталните проекти што следуваат.

Тој истакна дека е наследен долг од речиси 61.770.000 денари, што претставува значителен товар ако се има предвид дека буџетот за 2026 година изнесува околу 117 милиони денари. „Скоро половина од буџетот или 1,5 милион евра, Општина Пробиштип должи кон разни изведувачи, добавувачи, правни и физички лица“, рече Тоневски, додавајќи дека ваквата состојба е изненадување за граѓаните, особено по претходните изјави за ликвидноста на општината.
Градоначалникот најави финансиска стабилизација, враќање на наследените долгови, но и продолжување со реализација на започнатите проекти, дел од кои веќе се отпочнати и покрај неповолната градежна сезона.

Како клучен приоритет го посочи економскиот развој.„Додека сум градоначалник, во Пробиштип повеќе нема да има простор да дојде инвеститор да побара парцела, а да не може да добие“, изјави Тоневски, прецизирајќи дека станува збор за лесна и незагадувачка индустрија, бидејќи, како што рече, „на нас ни е доста од загадувањето“.
Во таа насока, општината започнува постапка за изработка на нов Генерален урбанистички план (ГУП), а паралелно ќе се изработуваат и детални урбанистички планови (ДУП-ови) кои треба да се усогласат со актуелните потреби. Распишана е и тендерска постапка што опфаќа индустриски развој и зони за лесна и незагадувачка индустрија.

Градоначалникот најави и мерки за поддршка на младите. „На младиот човек Општина Пробиштип ќе му овозможи парцела, ослободување од комуналии, за минимални трошоци да има сопствена парцела и да му помогне да си направи сопствен дом“, истакна тој.

Во делот на животната средина, како клучен капитален приоритет ја посочи санацијата на старата јаловишна депонија. За реализација на овој проект, како што нагласи, неопходна е поддршка од централната власт. Тоневски информираше дека веќе одржал состаноци со Министерството за животна средина и со раководството на Владата за изработка на заедничка стратегија, како и дека ќе се ревидираат постојни проекти за аплицирање до европски фондови.

Во однос на патната инфраструктура, тој посочи дека со ЈПДП се разговара за ревизија и реновирање на патниот правец Пробиштип – Пониква, при што ќе се разгледува дали ќе се заврши постојната траса или ќе се врати на првичната. За патниот правец Пробиштип – Свети Николе, Тоневски рече дека е вклучен во владината програма и во програмата на ЈПДП, со најава за санација по најнови стандарди. Според него, овој пат би го скратил растојанието до Скопје за околу 25 километри, што има значење и од аспект на регионалната депонија што треба да биде лоцирана на тој правец.

Со ова гостување, градоначалникот оцени дека првите 100 дена биле период на стабилизација и поставување насока за економски и урбан развој на Пробиштип.

…

Related Posts

Општина Битола: Голема забава и дружење за првачињата на „Училишна приказна“

04.09.2026

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија, растот достигна 21,9%

04.09.2026

Без струја утре повеќе тетовски села

03.09.2026

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција

03.09.2026

Проданоски: Прилеп останува лидер во селекцијата на отпад во Македонија – 49% од граѓаните селектираат за рециклирање

03.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% е потврда за позитивниот тренд и зајакнувањето на македонската економија

03.09.2026

Препорачани Вести

Поплави на црногорското приморје: улиците на Улцињ и Котор под вода

Црна Гора се приближува кон ЕУ: Се очекува затворање на 14. преговарачко поглавје

6 месеци ago

Нова геополитичка ескалација: Трамп повика Велика Британија да испратат бродови во Ормутскиот теснец

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Меџити: Почнува реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ – голем инфраструктурен проект за Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода скопјанец, украдените пригушници од железничката пруга вратени на „Железници“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Голема забава и дружење за првачињата на „Училишна приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.