понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Тридневна посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај во Македонија

by Redakcija
26.02.2026
in Македонија
Тридневна посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај во Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денеска започнува официјална посета на Македонија, која ќе трае до сабота. Главниот дел од неговата агенда е предвиден за Скопје, каде што ќе оствари средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со клучни претставници на државниот врв. Посетата ќе вклучува и средба со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, кој најави свечен прием за високата делегација. По приемот, делегациите ќе ја посетат џамијата Мустафа Паша, а потоа ќе се упатат кон Старата скопска чаршија, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на Скендербег.

Посетата на Бегај ќе се прошири и на Тетово, а градоначалникот Билал Касами најави дека саботата ќе биде посебен момент за градење на регионалната соработка и братските врски меѓу Албанците. „Тетово има чест да го пречека претседателот на Албанија. Оваа посета е значаен чин за зајакнување на пријателството и соработката во регионот!“, напиша Касами на својот Фејсбук профил.

Поради високата безбедносна и протоколарна активност, во Скопје ќе важи засилен сообраќаен режим во текот на денешниот, утрешниот и задутрешниот ден. Од МВР соопштија дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе соодветни мерки за да се овозможи непречен проток на сообраќајот, особено во централното градско подрачје.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

09.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Кога пријателот ќе стане должник: Истражување покажува како позајмените пари ги нарушуваат односите

2 недели ago

Ниту еден од 13-те полицајци не призна вина за пожарот во „Пулс“ во Кочани

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од пет скопски општини: Најдолгиот прекин ќе трае седум и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.