петок, март 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО: Експлозии во Техеран, Израел го нападна Иран

by Redakcija
28.02.2026
in Свет

Израел изврши „превентивен напад“ врз Иран, отворајќи нова фаза на тензии во регионот, додека се појавуваат информации за можен директен ангажман на САД во воената операција. Во повеќе делови на Техеран се слушнаа силни експлозии, а израелските власти прогласија вонредна состојба и предупредија на можен одмазден удар од иранска страна.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека мерките се преземени поради очекуван одговор од Иран, кој би можел да вклучи употреба на дронови и балистички ракети. Во повеќе израелски градови се огласија сирени за воздушна опасност, а граѓаните беа повикани да се придржуваат само кон неопходни активности.

Според информации објавени од американски медиуми, нападот бил координиран со САД, при што неименуван американски функционер посочил дека и американските сили извршуваат удари врз цели во Иран. Засега нема официјална потврда од Вашингтон за обемот на вклученост.

Иранските медиуми известуваат за најмалку три експлозии во Техеран, проследени со густ чад во повеќе делови од градот. Според државната телевизија, удари биле регистрирани и во близина на важни државни институции, вклучително и објекти поврзани со врвното раководство.

Според достапните информации, израелските напади биле насочени кон лансери и капацитети поврзани со балистички ракети, за кои Тел Авив смета дека претставуваат директна закана за безбедноста на државата.

Fumée au-dessus de Téhéran : #Israel a frappé l'#Iran, alors que #Trump met la pression.
Un travail coordonné – formellement, ce ne sont pas les #USA, qui ont frappé … pic.twitter.com/71c7OC39dt

— Karine Bechet (@bechetgolovko) February 28, 2026

Ситуацијата останува крајно напната, со зголемен ризик од поширока ескалација, додека меѓународната заедница внимателно ги следи развојот на настаните и можните последици од евентуален ирански одговор.

Видеото може да го погледнете тука

…

Related Posts

ВИДЕО: Запалена фабрика на израелска воена компанија во Чешка

20.03.2026

Меѓународната енергетска агенција советува: Работете од дома, возете побавно и гответе помалку

20.03.2026

Трамп со остра порака до НАТО: „Без САД, алијансата е хартиен тигар“

20.03.2026

ПРВИТЕ СНИМКИ СЕ СТРАВИЧНИ: Утрово нов катастрофален пожар го потресе светот – се стравува дека бројот на загинати е голем (ВИДЕО)

20.03.2026

(ВИДЕО) Илјадници верници излегоа на улиците во Москва и Санкт Петербург: Бајрамските молитви го парализираа сообраќајот во Русија

20.03.2026

Морнар трчал по палубата и случајно ја открил локацијата на францускиот носач на авиони

20.03.2026

Препорачани Вести

makedonija

Легендите зад имињата: Тајните приказни на македонските градови

3 месеци ago
poplava

Кичево се бори со поплавите: Над 100 луѓе евакуирани, Црвениот крст и општината на терен

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Запалена фабрика на израелска воена компанија во Чешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународната енергетска агенција советува: Работете од дома, возете побавно и гответе помалку

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија гради гасен интерконектор со Македонија за поголема енергетска сигурност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент на „Борис Кидрич“ во Тетово – деца бркани со нож од малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 30 дена притвор за директорот на Инспекторатот за земјоделство, осомничен за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.