вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Сиљаноски: За 100 дена реализирани инфраструктурни проекти, субвенции за млади и поддршка за семејствата во Општина Дебрца

by Redakcija
02.03.2026
in Македонија
Сиљаноски: За 100 дена реализирани инфраструктурни проекти, субвенции за млади и поддршка за семејствата во Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, денеска презентираше отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот, потенцирајќи дека отчетноста и транспарентноста се темелите врз кои ќе се гради неговото работење во наредниот период.

Во обраќањето до јавноста, Сиљаноски истакна дека изминатиот период бил насочен кон реализација на конкретни проекти од инфраструктурата, поддршка на младите и семејствата, како и подобрување на комуналните услуги.

Меѓу мерките што ги издвои се субвенционирањето на возачки дозволи за млади до 21 година во износ од 20.000 денари, како и финансиска поддршка за склучување брак и за новороденчиња. Општината доделува 100.000 денари за трето и секое наредно дете, 6.000 денари за секое новороденче, 30.000 денари поддршка за брак на лица до 30 години и 6.000 денари за лица над 30 години.

Дополнително, обезбедена е еднократна парична помош за лекување, како и 30.000 денари за семејства погодени од пожари, поплави и други елементарни непогоди.

Во делот на инфраструктурата, локалната самоуправа реализирала повеќе активности за расчистување на крајпатна вегетација и канали на повеќе патни правци низ општината, како и целосно расчистување на диви депонии, меѓу кои и локацијата „Сини Вирој“ во Белчишта.

Асфалтирани се делници, меѓу кои и патот до село Долно Средорече во должина од 630 метри, а поставен е нов асфалт на улицата „Романка“ во Мешеишта. Во тек е реконструкција на улица во Волино, како и на Домот на култура во истото село. Пробиен е и нов пат до црквата „Св. Атанасиј“ во Лешани.

Општината информира дека е изградeн базен во Песочани, набавени се грејни тела за училиштето во Горенци и реконструирана е оградата на игралиштето во истото село. Уреден е и просторот пред здравствениот дом во Белчишта.

Во насока на поддршка на локалната економија, обезбедени се субвенции за продавници во износ од 10.000 денари месечно. Исплатени се над 8,2 милиони денари на земјоделците за штети од природни непогоди.

За потребите на ЈКП Дебрца набавени се нова машина за канализациони системи, 480 канти за отпад од 120 литри во соработка со Министерството за животна средина, како и возила, камион МАН за собирање смет како донација од Град Виена и „Фолксваген транспортер“. Преземени се и обврски на претпријатието во износ од 5,5 милиони денари за потрошена електрична енергија од пумпните станици.

Општината обезбедила и финансиска поддршка за спортски клубови, културно-уметнички друштва и локални манифестации, а традиционално била одбележана и Старата Нова година – Василица, со обезбедена храна и огрев за сите населени места.

Градоначалникот Сиљаноски порача дека ова е „само почеток“ и најави продолжување на активностите со исто темпо, со цел создавање развиена инфраструктура, чиста животна средина и сигурна иднина за младите во Општина Дебрца.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

09.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Јапонија – земјата на снегот: Снежни наноси повисоки од куќи

10 месеци ago

Карапетров: Секое прваче во Тетово ќе добие поддршка од 6.150 денари

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Девет противпожарни возила на терен: Спречено ширењето на пожарот кај Бит-пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.