сабота, септември 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Езерото Младост повторно контаминирано од мртва растителна маса и фекално загадување

by Redakcija
04.03.2026
in Македонија
Езерото Младост повторно контаминирано од мртва растителна маса и фекално загадување

Состојбата во езерото Младост кај Велес повторно алармира: неколку дена по тоа што градоначалникот на општината, Марко Колев, се пофали на социјалните мрежи дека акумулацијата е исчистена и дека ревитализацијата дава резултати, водата повторно е покриена со мртва растителна маса која плови на површината.

Најизразено е на заливот, каде што Отовичка Река се влива во езерото. Таму густата биомаса се шири, а мирисот на фекалии е неподнослив, при што се забележуваат отворени канализациони цевки во речното корито, како што известуваат извори за Дума.мк.

Последните анализи на Центарот за јавно здравје во Велес потврдуваат дека микробиолошкиот квалитет на водата останува лош. Иако водата не смее да се користи за капење, полевање или рекреација, се уште не е испитано дали има цијанотоксини – и покрај тоа што ова предупредување трае веќе една година. За споредба, лабораторија во Белград би наплатила 110 евра за вакво испитување.

Наскоро објавениот извештај на Хидробиолошкиот завод од Охрид, по нарачка на ЈПВ „Лисиче“, исто така алармира дека водата во Младост е со „лош квалитет“, со четврта и петта класа според микробиолошките индикатори. Присуството на колиформни бактерии и фекално загадување укажува на сериозни проблеми со системот за одведување на отпадни води. Покрај тоа, езерото е контаминирано со амонијак и други токсични материи, а најдлабоките слоеви на акумулацијата, на 13 метри длабочина, се без растворен кислород – што создава закана по растителниот и животинскиот свет.

Физичко-хемиските анализи покажуваат високи концентрации на органски материи и нутриенти (вкупен азот и фосфор), што укажува на интензивна еутрофикација на езерото. Антропогено влијание, сушни периоди и високите температури само ја влошуваат ситуацијата, доведувајќи до намалување на водното ниво и до создавање услови за ширење на фекална и органска контаминација.

Причинителот на загадувањето, според извештаите на Државниот инспекторат за животна средина и на ЈКП „Дервен“, е колекторскиот систем во населбата Отовица. Десната страна на населбата е приклучена на колекторот, но левата страна не е целосно поврзана поради висинските разлики, а дел од објектите користат септички јами или можеби директно испуштаат отпадни води во реката. Иако правните субјекти како ресторани и хотели не го загадуваат езерото, дел од отпадните води од неприклучени куќи и септички јами сепак завршуваат во Младост.

Во склоп на активностите за ревитализација, ЈП „Лисиче“ изврши чистење на крајбрежјето од седимент, сува трска и наслаги. Следната недела се очекува јавен повик за изведба на бушотини за подобрување на квалитетот на водата, а се работи и на проект за санација на темелниот испуст на акумулацијата.

Related Posts

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

26.09.2026

ВЛЕН: Ќе го зајакнеме партнерството со албанската дијаспора и САД

26.09.2026

Вајц: Македонија има огромен потенцијал за природен туризам, треба да ги покажеме убавините пред светот

25.09.2026

Николоски: Европската перспектива е стратешки приоритет за Македонија

26.09.2026

Рози Мицкоска меѓу сопругите на светските лидери на прием кај Меланија Трамп

25.09.2026

17-годишник приведен во Охрид – Полицијата пронајде дрога

25.09.2026

Препорачани Вести

Техеран се заканува: САД да не се подготвуваат за напад – во спротивно следи удар врз Израел

Иран предупредува: Ќе возвратиме ако продолжат нападите врз Либан

6 месеци ago

25-годишник од Струга ја пријавил возачката дозвола како изгубена, која претходно му била одземена

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Пет децении U2: Се вратија во училиштето каде што започна сè

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, шпекулациите нема да го определуваат нашиот заеднички пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хорор во тетовско село: 62-годишник осомничен за тешко кривично дело

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата ноќеска во акција низ скопските локали: Пронајдена дрога, точен алкохол на малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.