петок, октомври 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Само 1 од 4 деца во Македонија јаде свежо овошје секојдневно, најниска дневна консумација во Европа

by Redakcija
04.03.2026
in Магазин
Само 1 од 4 деца во Македонија јаде свежо овошје секојдневно, најниска дневна консумација во Европа

Загрижувачки податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) откриваат дека речиси една третина од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто живеат со дебелина, бројки кои ја надминуваат европската просечна стапка од 25 и 11 отсто. Најпогодени се момчињата, покажува студијата на Европската иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI).

Истражувањето укажува дека здравствените навики на децата се далеку од идеалните: само 25 отсто консумираат свежо овошје секој ден, а дневната консумација на зеленчук е уште пониска, 20 отсто, што ги сместува македонските деца на самиот дното во Европа. Солените и слатките грицки се вообичаена појава, 40 отсто јадат солени закуски, а 51 отсто слатки три или повеќе пати неделно.

Екраните исто така играат голема улога во животот на децата. 40 отсто поминуваат повеќе од два часа дневно пред телевизор или други уреди. Сепак, движењето не е целосно запоставено: 63,3 отсто пешачат или возат велосипед до училиште, а кај децата кои живеат поблиску од 2 километри, оваа навика достигнува 89 отсто. Повеќето деца се физички активни. 94 отсто имаат најмалку еден час активна игра дневно, а 48,2 отсто спортуваат или танцуваат повеќе од два часа неделно.

И покрај овие позитивни активности, родителите се често несвесни за вистинската состојба на телесната тежина на своите деца. Податоците покажуваат дека децата со зголемена телесна тежина и дебелина најчесто доаѓаат од семејства со низок или среден образовен статус, а повеќе од половина од родителите погрешно сметаат дека тежината на нивните деца е нормална.

„Родителите треба прво да ги прифатат здравите модели на однесување, бидејќи децата го следат примерот што го даваат тие. Доколку сакаме вистински резултати, интервенциите мора да започнат од семејството и училиштето“, истакнува д-р Игор Спировски од ИЈЗ. Тој нагласува дека веќе постојат правилници за здрави оброци во градинките и основните училишта, но нивното доследно спроведување е клучно.

Експертите предупредуваат дека потребни се системски промени: од унапредување на квалитетот на храната и етикетите, преку контрола на рекламирањето, до обезбедување безбедни и пристапни места за физичка активност во заедниците. Сè е дел од поширока стратегија за да се обезбеди здрав раст и развој на децата.

Related Posts

Куќите на иднината нема да се градат како денес: Овие материјали веќе постојат

02.10.2026

Хороскоп за 2 октомври: Љубовни изненадувања, пари и неочекувани пресврти

02.10.2026

ИДЕА ЛАБ домаќин на регионалниот PROI самит на независни PR агенции

01.10.2026

60.000 Руси веќе се преселиле: Новата земја станува нивна „мала Русија“

01.10.2026

Хороскоп за 1 октомври: Нов месец, нови можности и љубовни пресврти

01.10.2026
Жестоки реакции на македонските историчари за останките на цар Самоил: „Нема научен доказ дека коските се негови“

Жестоки реакции на македонските историчари за останките на цар Самоил: „Нема научен доказ дека коските се негови“

30.09.2026

Препорачани Вести

Шестгодишно дете со електричен тротинет тешко повредено во судир со мотор во Битолско

5 месеци ago

Обид за убиство на млада жена во Македонија

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Од 1 декември нови правила за кредитите: Еве што ќе се смени за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огромен пожар во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург: Огнот зафати 2.000 квадратни метри

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија, Србија, Грција и Бугарија заедно ги забрзуваат регионалните енергетски врски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола покажа дека живее за спортот и за големите натпревари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Чаир добива целосно нова инфраструктура, од водовод и канализација до нов асфалт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.