среда, септември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Шокантен податок: Македонија меѓу првите во Европа по убиства на жени

by admin
08.03.2026
in Црна Хроника

Бројот на убиства на жени во Македонија е загрижувачки висок, а земјата се наоѓа меѓу првите во Европа по вакви трагични случаи, предупреди Ана Аврамоска-Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.


Во гостување во емисија на телевизија 4, таа истакна дека податоците со кои располагаат организациите што работат со жртви на насилство се фрапантни и алармантни, посочувајќи дека Македонија е на третото место во Европа според ваквите трагедии.


Аврамоска-Нушкова потсети на неколку случаи кои ја потресоа јавноста во последниот период. Меѓу нив се жена убиена во сопствениот дом во Кавадарци, како и случај во Шуто Оризари, каде исто така жена била убиена во својот дом. Таа спомена и други трагични случаи во Штип и во Гостиварско, каде жена била пронајдена закопана и полуизгорена, што дополнително ја шокираше јавноста.


Според неа, ваквите случаи укажуваат на сериозни системски проблеми во заштитата на жртвите од семејно насилство, бидејќи многу од убиствата се случуваат токму во домот – место кое треба да биде најбезбедно.


Аврамоска-Нушкова нагласи дека институциите мора да преземат поконкретни мерки за превенција и навремена реакција, за да се спречат нови трагедии и да се обезбеди подобра заштита за жените кои се соочуваат со насилство.


Таа предупреди дека секој нов случај покажува колку е важно општеството навреме да реагира на семејното насилство, бидејќи игнорирањето на првите знаци може да заврши со најтрагичен исход.

Related Posts

Има приведени на концертот на Дејвид Гета во Скопје – полицијата со оценка дека настанот поминал мирно

09.09.2026

Запалил сува трева во Тетовско, пожарот се проширил на голема површина

09.09.2026

Автомобил излетал од патот, тешко повреден 45-годишен Хрват

09.09.2026
ТЕПАЧКА ПО СООБРАЌАЈКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Шест лица учествувале во физичка пресметка

Пријавил дека го ограбиле со пиштол, полицијата откри дека сè било измислено

09.09.2026

Полицијата го фати во Тетово: Штипјанец осомничен за три кражби

09.09.2026
Трагедија во Гази Баба: Почина 24-годишно момче, обвинител нареди обдукција

Застреланиот во Арачиново е познат албански пејач

09.09.2026

Препорачани Вести

Важни информации за македонските граѓани на Блискиот Исток

6 месеци ago

Трагедија на аеродром во САД: Приватен авион се урна при полетување – има жртви

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска на важна енергетска средба со американската амбасадорка во Грција Гилфојл

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајниот систем со кој милиони од дрога се префрлале низ светот: Полицијата ја разби „Дубаи Банка“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Сниман како фрла ѓубре во Радика: Маж го испразнил возилото на мостот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Роботи наместо војници? Кина истражува хуманоиди за борбени мисии и операции зад непријателските линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данска отвора нова врата за работници: Ќе се вработуваат кадри од Македонија и уште 15 држави надвор од Европската Унија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.