среда, ноември 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска на важна енергетска средба со американската амбасадорка во Грција Гилфојл

by Redakcija
09.09.2026
in Економија

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите за унапредување на регионалната енергетска соработка.

На средбата учествувала и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како претставник на Северна Македонија.

Во фокусот на разговорите биле енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и зајакнувањето на енергетската отпорност на земјите од Југоисточна Европа.

Посебно внимание било посветено на Вертикалниот коридор, кој има за цел да овозможи подобро регионално поврзување и поголема диверзификација на снабдувањето со природен гас.

На средбата било истакнато и значењето на зголемувањето на испораките на американски течен природен гас (LNG) кон европските партнери.

Американската страна ја нагласила важноста на енергетската безбедност, оценувајќи ја како составен дел од националната безбедност, додека Грција била посочена како важна енергетска порта кон поширокиот регион.

Преку продлабочување на соработката меѓу земјите и развојот на енергетската инфраструктура, целта е да се зголеми отпорноста на енергетските системи, да се намали зависноста од ограничен број извори и да се придонесе кон поголема стабилност во Југоисточна Европа.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

24.11.2026

ЕУ воведува построги правила за плаќање во готово: Што треба да знаат македонските граѓани?

24.11.2026

Средба на министерката Божиновска со шведскиот амбасадор Солстром: Силна поддршка за првиот форум за енергетска дипломатија и интензивирање на инфраструктурната соработка

24.11.2026

ЗК Пелагонија: групата со 10,3% помала продажба и 2,6 милиони денари добивка за девет месеци

24.11.2026

Кој ќе ги финансира пензиите? Зависноста на ПИОМ од државниот буџет продолжува да расте

24.11.2026

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Досега најопасната закана од Америка до Украина: „Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа“

1 месец ago

Стопанска банка со пониска деветмесечна добивка при послаб каматен резултат и висока ланска споредбена основа

2 недели ago

Популарни Вести

  • Голем дел од Тетово вечерва без струја: Граѓаните оставени без греење, меѓу нив и семејства со мали деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.