вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Средба на министерката Божиновска со шведскиот амбасадор Солстром: Силна поддршка за првиот форум за енергетска дипломатија и интензивирање на инфраструктурната соработка

by Redakcija
24.11.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром.

Во фокусот на разговорите беше претстојниот Прв форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жени во енергетиката “ (First Energy Diplomacy Forum), кој во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации, УНДП и Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ), ќе се одржи на 25 ноември во Скопје.

Амбасадорот Солстром ја истакна безрезервната поддршка од Амбасадата на Кралството Шведска за одржувањето на овој значаен настан, оценувајќи дека ваквите иницијативи се клучни за забрзување на зелената транзиција, привлекувањето зелени инвестиции и зајакнувањето на улогата на жените во енергетскиот сектор и енергетската дипломатија.

Министерката Божиновска изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на земјава, како преку размена на искуства и европски практики, така и преку поддршката на клучните реформски процеси во енергетиката.

На средбата соговорниците се осврнаа и на одличните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше потврдена заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување. Особено внимание беше посветено на можностите за интензивирање на соработката во делот на стратешките инфраструктурни проекти, модернизацијата на енергетската мрежа и развојот на капацитетите за обновливи извори на енергија.

Министерството продолжува преку зајакнување на енергетската отпорност и регионалното поврзување каковрвни приоритети, и продлабочената соработка со партнерските земји, како Шведска, да гради силен поттик за стабилен и одржлив енергетски развој на државата.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

24.11.2026

По 6.000 денари за младите битолчани: Објавен јавен повик за финансиска поддршка

24.11.2026

ЗК Пелагонија: групата со 10,3% помала продажба и 2,6 милиони денари добивка за девет месеци

24.11.2026

Кој ќе ги финансира пензиите? Зависноста на ПИОМ од државниот буџет продолжува да расте

24.11.2026

Коњановски: Нова соларна централа од 40 киловати во ОУ „Св. Климент Охридски“

23.11.2026

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Прилеп домаќин на зонските натпревари од „Спортски игри за млади – Плазма“

6 месеци ago

Откриен „нултиот пациент“ на смртоносниот хантавирус: Научник се заразил на депонија во Аргентина додека барал ретка птица

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Средба на министерката Божиновска со шведскиот амбасадор Солстром: Силна поддршка за првиот форум за енергетска дипломатија и интензивирање на инфраструктурната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВОЈНАТА СЕ ШИРИ НА ДВЕ МОРИЊА: Украина нападна руски бродови од Финскиот Залив до Либија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.