вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

(ФОТО+ВИДЕО) Лозано ја запали арената „Борис Трајковски“ – Емоции, хитови и преполна сала, концерт каков Македонија одамна нема видено

by admin
09.03.2026
in Магазин

Македонската поп-ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано синоќа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје приреди концертна вечер која долго ќе им остане во сеќавање на сите присутни. Салата беше исполнета до последното место, а публиката уживаше во вистински музички спектакл исполнет со хитови, емоции и изненадувања.


Веднаш на почетокот вниманието го привлече сценската поставеност – специјална писта по која се движеше Лозано, додека млади балерини со внимателно осмислени кореографии ја збогатуваа атмосферата и носеа дополнителна сценска енергија. Секоја нивна точка беше внимателно осмислена и изведена од почеток до крај.


Еден од најемотивните моменти на вечерта се случи кога Лозано на сцената го донесе својот син Марко, кој има само 15 месеци. Малиот Марко зачудено гледаше во татко си и во публиката, а неговите очиња светеа додека ја следеше атмосферата околу себе. Публиката со аплауз го поздрави овој трогателен момент.


По кратката пауза концертот продолжи со низа од неговите најголеми хитови. Песните се редеа една по една без многу најави, бидејќи публиката уште по првите тактови ги препознаваше и ги пееше заедно со него, создавајќи уникатна атмосфера во салата.


На сцената му се придружија и гости. Лозано испеа дует со Александра Јанева, а по кратко пресоблекување следеше уште едно изненадување – на крајот од пистата беше поставена клавијатура и микрофон, по што тој настапи заедно со Пере од „Нокаут“, кој ја искористи можноста да го најави нивниот концерт на 9 мај.


Вечерта продолжи со уште едно гостување – на сцената се појави Мики Јовановски Џафер, кој со својот настап донесе нова музичка магија и дополнително ја воодушеви публиката.


Концертот на Лозано уште еднаш покажа дека домашната публика силно ги поддржува македонските музички изведувачи и дека ваквите настани можат да создадат атмосфера која долго ќе се памети.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пред 85.000 години во Македонија живееле неандерталци: Откриени над 6.000 камени орудија и артефакти

17.11.2026

Некој ќе покаже што чувствува: Овие знаци ги очекува интересен 17 ноември

17.11.2026

Шеик нарачал огромен „Хамер“: Има два ката, кујна и тоалет, а се управува со џојстик

16.11.2026

Светот бара ограничувања за оружјето со вештачка интелигенција што убива без човечка интервенција. Две големи сили се противат

16.11.2026

Над Арктикот се случи нешто досега незабележано. Што значи тоа за зимата?

16.11.2026

Невен и Евица купиле куќа на невидено за само 7.500 евра, а кога влегле останале вчудовидени: „Не можевме ни да замислиме“

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Хоџа на средба со Светска банка: Борбата со загадувањето е приоритет

9 месеци ago
Хрватскиот претседател критикуван за антисемитски изјави кон Израел

Хрватскиот претседател критикуван за антисемитски изјави кон Израел

8 месеци ago

Популарни Вести

  • 500 евра за дозвола да се гради? Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување приведен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јогурт врз Лидија Вукиќевиќ: Инцидент пред конститутивната седница на српското Собрание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 18-годишник од тетовско уапсен поради лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Во Варшава ќе ги претставиме приоритетите за енергетска безбедност на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силен пад на еврото во однос на доларот: Европската валута на најниско ниво од март 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.